Презентација на платформата itop.mk пред туроператорите од Албанија и Германија

Тимот на СТЕП проектот одржа online презентација на платформата itop.mk пред туроператори од Албанија и Германија. Учесниците беа запознаени со карактеристиките и начинот на користење на платформата, како и можностите и бенефитите од користење на истата.
Платформата побуди голем интерес кај учесниците. И покрај предвидените 40 минути за презентирање како и можни прашања и одговори, online состанокот траеше 2 часа и за тоа време се разви конструктивна дискусија која води кон можна соработка во блиска иднина. Учесниците ја поздравија нашата иницијатива, и сметаат дека во иднина ќе им користи на туристичките работници како алатка за промоција на своите капацитети. Исто така тимот на СТЕП проектот имаше можност да слушне од туристичките професионалци од надвор можни точки на подобрување на платформата.

 

Остварена on – line средба со Justyna Mleczak, туристичките инфлуенсер од Полска

Дел од тимот на СТЕП имаа on-line средба со една од најпознатите туристички инфлуенсери од Полска – Justyna Mleczak. За време на состанокот, претставниците од СТЕП проектот и ги презентираа можностите и карактеристиките на платформата itop.mk а додека познатата инфлуенсерка  Justyna Mleczak ги информираше кои се очекувањата на полските туристи и каков тип на понуди се заинтересирани. И двете страни се договорија за понатамошна соработка која подразбира посета на полски туристи на капацитетите кои се нудат на платформата itop.mk а се однесуваат на регионите Полог и Елбасан.

Justyna Mleczak е основач на еден од највлијателните туристички блогови во Полска https://domacedonii.pl , на кој се нудат главно тури од Република Северна Македонија и Република Албанија.

Платформата itop.mk презентирана пред Стопанска Комора за туризам на Република Северна Македонија

На 25 јуни беше одржана on- line презентација на платформата itop.mk пред дел од членките на Стопанска Комора за туризам на Република Северна Македонија. Презентацијата ја следеа туроператори кои се лидери на пазарот на туризмот во Северна Македонија. Учесниците беа запознаени со карактеристиките и начинот на користење на платформата, како и можностите и бенефитите од користење на истата. Платформата побуди голем интерес кај учесниците.

Известување за членките на СТЕП мрежата

Почитувани СТЕП членки, сместувачки капацитети, хотели, вили, хостели, апартмани и слични објекти кои се дел од туристичкиот бизнис доколку сакате и кај вас да се користат доделените ВУЧЕРИ во вредност од 6000 денари, потребно е до 30 јуни да се регистрирате на платформата domasiedoma.gov.mk на следниов линк: https://domasiedoma.gov.mk/register-form/

Фото извор: domasiedoma.gov.mk

Доделување на ваучер од 6000 денари за поддршка на домашниот туризам

Владата на Република Северна Македонија донесе сет на мерки за заживување на економијата. Со мерката за поддршка на граѓаните и поддршка на домашниот туризам доделува ВАУЧЕРИ во вредност од 6.000 денари за одмор во земјата.

На линкот подолу може да проверите дали сте еден од корисниците на ваучер за туризам од 6000 денари.

https://domasiedoma.gov.mk/#

Доколку сте корисник Ви предлагаме да ги посетите туристичките капацитети во Полошкиот Регион. Извонредна природа, вкусна традиционална храна и гостопримливост се само дел од карактеристиките на угостителските понуди во Полог.

Грантистите PROCIVIC, продуцираа видео со кое се промовираат убавините на регионите Полог и Елбасан

Погледнете го видеото со кое се промовираат убавините на регионите Полог и Елбасан. Видеото го изработи PROCIVIC, со финансиска поддршка од Европската Унија. Целта на видеото е  да послужи како алатка за промоција и развој на туризмот во регионите Полог и Елбасан

Уживајте во убавините на природата и знаменитостите на двата региони!

Невладината организација PROCIVIC, продуцираа видео со кое се промовираат екстремните спортови во полошкиот регион

Погледнете го видеото со кое се промовираат природните убавини на Полог како и спортскиот капацитет што го нуди регионот. Видеото го изработи PROCIVIC, со финансиска поддршка од Европската Унија. Целта на видеото е да послужи како алатка за промоција и развој на туризмот во полошкиот регион.

Уживајте во убавините на природата!

 

 

Сведоштва на членките на СТЕП мрежата

Останете дома и погледнете како функционира СТЕП мрежата и кои се бенефитите од членување во истата, преку сведоштва на нашите членови во регионите Полог и Елбасан.

Грантистите PROCIVIC, продуцираа видео со кое се промовираат убавините на Шар Планина

Погледнете го видеото со кое се промовираат убавините на Шар Планина, посебно врвовите и пејзажите на планината. Видеото го изработи PROCIVIC, со финансиска поддршка од Европската Унија. Целта на видеото е да послужи како алатка за промоција и развој на туризмот во Полошкиот регион.

Уживајте во убавините на природата!

 

Еко туризам Полог – Елбасан

Доколку си љубител на еколошки производи, регионите Полог и Елбасан го нудат токму тоа. Остани дома и погледни го видеото каде се може да се најде вистинска еко рурал храна. Уживајте!