Спортски и културни настани, работи средби и потпишани меморандуми за соработка како дел од тридневниот настан кој го организираат грантистите на СТЕП проектот

На 16 септември во регионот Елбасан, се одржаа интереси спортски и културни активности кои беа организирани од страна на супгрантистите на проектот СТЕП. На отворено во Белш се одржа велосипедска трка а додека во езерото Сеферан се одржа трка со кајаци. “Педало во Белш“ еден од нашите субгрантисти на победниците на велосипедскиот натпревар им подели прикладни награди, додека еден од членките на СТЕП мрежата, “Аротуризам Паја“ ги обезбеди наградите за победниците во кајакарската трка. Пријатното септемвриско време привлече голем број на посетители од регионот, исто така имаше доста гости од Северна Македонија кои се дел од СТЕП мрежата.

По завршувањето на натпреварот дел од групата се упати кон фабриката за маслиново масло каде што сопственикот Ервис Чапја, член на СТЕП, детално го опиша процесот на производство на маслиново масло. Прекуграничната соработка е доста развиена во овој дел со оглед на тоа што добар дел од хотелите и рестораните во Полог кои припаѓаат на СТЕП мрежата од недамна се снабдуваат со маслиново масло од овој производител.

Делот од вечерта беше резервиран за свеченото отворање на Музејот, кај Софра е Шпатит во Ѓинар, каде што историчар детално ја објасни историјата на музејот, и придружните елементи, а потоа следеше културно-уметничка програма, со работна вечера. Како дел од работната вечера, беше презентирана функционалноста на  туристичката платформа itop.mk/itop.al  и можностите за соработка, а потоа беа потпишани повеќе меморандуми за соработка. Вториот ден продолжи со неформална соработка и потпишување на меморандуми, тридневниот настан завршува со работни состаноци  и посета на Тетово.

 

Платформата itop.mk/itop.al презентирана пред туроператори од Полог и Елбасан

На 15 септември беше одржана on- line презентација на платформата itop.mk /itop.al пред туроператори од регионите Полог и Елбасан. Учесниците беа запознаени со карактеристиките и начинот на користење на платформата, како и можностите и бенефитите од користење на истата. Посебен осврт се даде на бенифитите кои можат да ги имаат туроператорите доколку станат партнери на itop.mk/itop.al

Платформата побуди голем интерес кај учесниците и веднаш после презентацијата следеше сесија на прашања и одговори.

„Убавица“- Ѓоновица – Гостивар, величествена пештера која е толку блиску, а сепак далеку

Примамени од понудата на еден од членките на СТЕП – Спелеоклуб Кораби, решивме да го прифатиме понудениот предизвик, и од Тетово да отпатуваме за Гостивар, заедно со членовите на СТЕП од Тетово, Хајрулах, сопственик на хотел Скардус и Садик, лидер на брендот Пеактрип , од здружението „Procivic“, не знаејќи што всушност не чека. Сè што имавме слушнато беше мистична пештера, лиљаци, подземни води и адреналин.

Почетна точка на нашето патешествие беше ресторанот Релакс во Гостивар кој се наоѓа покрај реката Вардар, којашто изненадувачки, во ова време на летото, со неверојатна моќност на волумен и брзина на водата, како да ни даваше до знаење дека авантурата штотуку започна.

Се сретнавме со домаќините, Јетон и Аријанит, со нас беа и  Фатиме и Хана, ентузијасти и љубители на природата, на кои истражувањето на пештерските материјали им е во тесна врска со нивната професија.

Патот од урбаниот живот до недопрената природа

Без да губиме време, го напуштаме Гостивар и влеговме во регионалниот патишта кој води кон Србиново и Ѓоновица, пат богат  со пејзажи со изразени бои на планинско зеленило, ова придонесува патувањето да е интересно и имаш чувство дека е прекратко….и по околу 25 минути  патување по асфалтен пат и дел земјен, ни се појавува табела со информации за пештерата и едно одморалиште, што е добра варијанта за одмор по посетатат на пештерата.

Домаќините направија сè за да ја направат турата што е можно полесна. Се облековме во  специјалната облека и опрема, потребни за што е можно полесно истражување на пештерата.

Откако сите се подготвивме за следниот чекор, се упативме кон  во терен со импровизирани природни скали, и за момент се појавува ….. природната порта, која ги чека следните посетители,  да ги воодуши со тајните коишто се наоѓат внатре.

Почеток на авантурата

Се собравме пред природната порта и ги направивме последните подготовки пред да започнеме да истражуваме  тоа што за нас е сè уште мистично, непознато, но во исто време толку блиско и привлечно, мислиш сме биле многу пати пред оваа порта на Сезам. Аријанит со посветеност ни ги кажува сите основни информации што треба да ги знаеме за патувањето внатре, како и практични упатства за движење во тесен простор.

Внатре, веднаш на влезот, нè чекаат два вида лилјаци, кои вознемирени од осветлувањето на електричните ламби, летаат на побезбедни места. Таму гледаме одделни простории, секоја со своја уникатна приказна, една по друга. Некој сфатил сериозно дека ова е пештерата на Али Баба и може да се забележат траги од лов на богатство, како резултат на алчноста на човекот направена е непоправлива штета на автентичноста на пештерата.

Влегувањето во главната патека е предизвик само по себе, една мала пукнатина, каде за момент мислев дека ќе останам заглавен во средина. Изненадувачки, поминав лесно, и им велам на групата да одсега да не ги ограничува туристите, бидејќи чим поминав со оваа големина, сите ќе поминат J. Температурата како што влегуваме подлабоко паѓа, свежина што преминува во студ. Поголемиот дел од патеката за прошетка е покриена со вода, што ни ги навлажнува стапалата, и не прави да ја чувствуваме уште повеќе грубоста на природата, која има тенденција да се заштити себе си, од надворешни елементи, што можат да доведат до нејзино уништување.

Не, тука нема вертикално одење, како во комерцијалните пештери, но честопати треба да одите целосно свиткани, да поминете од еден во друг сегмент, и за секој од нив, водичите имаат приказна, олеснувајќи го нашето патување . Некаде при крај, дадена е инструкција да ги исклучиме светлосните батерии, а ние ќутиме речиси една минута! Апсолутна темнина, малку вознемирувачка, додека во исто време се слуша силно шушкање, како скоро во секој момент ќе пројде имагинарниот воз, кој штотуку влезе во тунелот.

Ги вклучуваме повторно светла, и стигнуваме до крајот на патувањето, еден по еден, овековечувајќи ги незаборавните моменти со слики, и …… за момент остануваме без текст. Змејот на пештерата го пушта од уста пламенот, … не, не, туку ја пушта чистата подземна вода, што предизвикува зачудувачки водопад и непроценлива привлечност. Таму горе, сталактитите го формирале срцето на пештерата, и речиси  го слушаме како чука секој момент. Ги правиме последните фотографии, се пуштаме со  јаже и се водениме на секој дел од телото, како да сакаме да ја искористиме максимално оваа тура.

Продолжуваме со брзина да стигнеме до излезот од пештерата, бидејќи мисијата го постигна она што го замисли – Попладне многу поразлично од вообичаеното!

Надвор речиси започна да се затемнува, додека лесниот ветер што дува, ни се чини како тропски ветер, од драстичното менување на температурите на растојание од само неколку десетици метри.

Ја менуваме влажната облека со резервната облека и продолжуваме со програмата.

Издавање на сертификат на отворено

Дали има подобро место за Клубот, отколку да се добие сертификатот на усогласеност од мрежата СТЕП во природа? „ЕУ со тебе“ – е мотото на Европската унија, за целата поддршка што ја нуди тука за нас, а тоа се забележува и во табелата пред која го споделивме сертификатот.

Продолжуваме со дружење и оброк, обезбеден од нашите домаќини, компензирајќи ги калориите што сме ги потрошиле внатре.

Продолжуваме по патот кон „цивилизацијата“ во мракот, коментирајќи ги ново создадените впечатоци и фактот зошто не сме дојделе порано … „Убавица“, оваа величествена пештера, толку блиску а сепак далеку за оние кои не ја знаат.

.Автор на текстот: Флорент Бајрами

* Информации за резервации на тури од 4-8 лица може да се најдат на официјалната страница на ФБ (порака) https://www.facebook.com/Speleo-Club-Korabi-193785347842382/ , или tel. +389 70 523 872.

 

 

 

Финална презентација и доделување на сертификатите на членките на СТЕП мрежата во Полог

На 4 септември во ресторан “Гарден Електра “ Брценица на отворено се одржа финалната презентација на СТЕП проектот и се доделија сертификатите на членките на СТЕП мрежата. На почетокот од настанот проект координаторот Флорент Бајрами направи краток осврт за сите активности кои беа дел од проектот СТЕП. Потоа ги запозна членките со финалните резултатите од проектот кој трае околу две и пол години. На крај средбата беше фокусирана кон формализација на мрежата.
Врз основа на претходно поставени критериуми од страна на СТЕП тимот, членките кои ги исполнуваа зададените критериуми добија Сертификати за усогласеност. Како дел од критериумите а добивање на сертификат се: туристичкиот капацитет да е легален, да ги задоволува одредени санитарни услови, персоналот да има основни познавања на англиски јазик, за промоција на капацитетите да користат дигитален маркетинг итн.

Финална презентација и доделување на сертификатите на членките на СТЕП мрежата во Елбасан

На 3 септември во хотел “Скампи“ во Елбасан на отворено се одржа финалната презентација на СТЕП проектот и се доделија сертификатите на членките на СТЕП мрежата. На почетокот од настанот проект координаторот Флорент Бајрами направи краток осврт за сите активности кои беа дел од проектот СТЕП. Потоа ги запозна членките со финалните резултатите од проектот кој трае околу две и пол години. На крај средбата беше фокусирана кон формализација на мрежата.

Врз основа на претходно поставени критериуми од страна на СТЕП тимот, членките кои ги исполнуваа зададените критериуми добија Сертификати за усогласеност. Како дел од критериумите а добивање на сертификат се: туристичкиот капацитет да е легален, да ги задоволува одредени санитарни услови, персоналот да има основни познавања на англиски јазик, за промоција на капацитетите да користат дигитален маркетинг итн. Настанот беше спроведен согласно протоколите пропишани за безбедност од страна на Република Албанија.

Онлајн презентација на платформата itop.mk/itop.al пред членките на СТЕП мрежата

На 27 август се одржа онлајн презентација на платформата itop.mk/itop.al пред членките на СТЕП мрежата од регионите Полог и Елбасан. Пред големиот број на учесници платформата ја презентираа проект координаторот на СТЕП проектот – Флорент Бајрами и Специјалистот за социјални медиуми – Виолета Јончевска.  Покрај можностите на платформата, посебен акцент се стави на бенефитите кои би ги имале членките на мрежата доколку уште поактивно ја користат платформата како место за промоција и продавање на своите туристички капацитети.  Покрај многубројните прашања врзани со работата на платформата, членките имаа одлична можност веднаш по презентацијата да споделат меѓусебни искуства.

Online презентација на туристичката платформа itop.mk/itop.al пред членките на СТЕП мрежата

Почитувани членки на СТЕП мрежата, Ве известуваме дека на 27 август од 11.00ч до 12.00ч ќе се одржи онлајн презентација пред членовите на СТЕП мрежата од Полог и од Елбасан, за можностите кои ги нуди платформата itop.mk/itom.al, а истовремено идејата е да се поттикнат заеднички инициативи за туристички понуди.

Сите заинтересирани членки ги покануваме да се вклучат на линкот подолу:

https://techsoupglobal.zoom.us/j/98519349195?pwd=aGF5SHZiTjgzSkcxYXhJNFB2dTFZZz09

Однапред Ви благодариме за Вашето присуство

Justyna Mleczak, туристички инфлуенсер од Полска во посета на Полог

Од 12 до 14 август, Justyna Mleczak туристичката инфлуенсерка од Полска го посети Полошкиот регион. Целта на посетата беше запознавање со туристичкиот потенцијал на регионот како и бизнис средби со дел од сопствениците на туристички капацитети кои се дел од СТЕП мрежата. Како дел од дводевната агенда беа: Шарена Џамија, Арабати Баба теке, село Јанче и хотел Туто, Вруток, Тивко Катче во Гостивар како и саат кулата и дегустација на баклава, посета на стар млин во Боговиње, дегустација на бурек под сач во село Камењане, Лешочки Манастир, Хостел Китка во Вратница и многу други локации. За крај од средбата тимот на СТЕП организираше работна вечера во Хотел Скардус – Попова Шапка на која присуствуваа членки на СТЕП кои сакаат да воспостават понатамошна соработка со Justyna Mleczak.

Јавен повик за донирање на интер-регионална он-лајн платформа за туризам (I-Top)

Врз основа на Одлуката за донација на интер-регионална он-лајн платформа за туризам донесенa од Управниот комитет на проектот “Општествено претпријатије – Проект за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП)” финансиран од Европската унија, а во согласност со договорот за Грант со референтен број IPA/2017/390-054, Фондација за интернет и општество Метаморфозис Скопје, во соработка со Центарот за Развој на полошкиот плански регион и Советот на Округот Елбасан објавува јавен повик за донирање на интер-регионална он-лајн платформа за туризам (I-Top).

Условите и критериумите за учество на јавниот повик се подолу приложени во споените прилози.

Понудите се доставуваат на македонски јазик или албански јазик. Понудите треба да се достават електронски по е-мејл адреса до florent@metamorphosis.org.mk или по курирска служба или лично во запечатен плик во еден затворен плик со назнака “ЗА ПРОЕКТ СТЕП” на кој во долниот лев агол треба да стои ознаката „НЕ ОТВОРАЈ“ и со назнака „ЈАВЕН ПОВИК“ на кој се однесува понудата. Понудите се доставуваат во канцелариите на Фондацијата Метаморфозис на ул. Апостол Гусларот 40, Скопје.
Понудите треба да бидат оригинални и потпишани, а доколку се доставуваат по електронски пат, истите потпишани оригинали треба да бидат скенирани.

Краен рок за доставување на понудите е четврток, 07.08.2020 година до 16:00 часот.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние понуди што нема да ги содржат потребните елементи или не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид за понатамошна евалуација. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

  1.    Прилог 1 – Барање за  донирање на i-top-платформата
  2.    Прилог 2 – изјава за утврдување на личната состојба
  3.    Прилог 3 – изјава за прифаќање на условите од тендерската документација
  4.    План за раководење со дигиталната платформа iTOP

Промоција на itop.mk на ТВ 21

Што е СТЕП? Кои се карактеристиките на програмата ИПА 2 – прекугранична соработка Северна Македониј – Албанија ? Кои активности беа реализирани како дел од проектот? Која е намената на платформата itop.mk ? Одговор на овие прашања и одговор на многу други врзани со СТЕП проектот ни дава Флорент Бајрами – проект координаторот на СТЕП кој беше гостин во попладневната емисија на ТВ 21.