Тимот на СТЕП проектот одржа online презентација на платформата itop.mk пред туроператори од Албанија и Германија. Учесниците беа запознаени со карактеристиките и начинот на користење на платформата, како и можностите и бенефитите од користење на истата.
Платформата побуди голем интерес кај учесниците. И покрај предвидените 40 минути за презентирање како и можни прашања и одговори, online состанокот траеше 2 часа и за тоа време се разви конструктивна дискусија која води кон можна соработка во блиска иднина. Учесниците ја поздравија нашата иницијатива, и сметаат дека во иднина ќе им користи на туристичките работници како алатка за промоција на своите капацитети. Исто така тимот на СТЕП проектот имаше можност да слушне од туристичките професионалци од надвор можни точки на подобрување на платформата.