Кратко резиме на проектот
Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП) е договор за грант на ИПА 2, Прекугранична соработка: Република Северна Македонија – Република Албанија, алокации 2014- 2015. Проект партнери се Метаморфозис – Фондација за Интернет и општество, Центар за регионален развој Полог и Советот на Округот Елбасан.
Главната цел на акцијата е:
(О1) Промовирање на енергичен туристички сектор кој ефикасно се прилагодува на потребите на домашните и меѓународните пазари и придонесува за забрзување на растот и стимулирање на отворањето нови работни места во прекуграничната туристичка зона помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.
Оваа главна цел е да се зајакнат темелите, општото опкружување и потребните елементи потребни за стратешко постигнување и искористување на нови меѓународни пазари во туристичката индустрија и подобрена комуникација и соработка со цел да се постигне координиран развој на заеднички прекугранични претприемачки активности .
Целите на проектот се:
(S1) Проширување и унапредување на стратешкиот и координиран пристап до специфични нови и стратешки пазари за извоз на туризам за туристички бизниси (особено малите и средни претпријатија – МСП и нови претпријатија).
(S2) Зголемување на капацитетите на туристичките претпријатија за задоволување на побарувачката и барањата на туристите во регионот и градење на стратешки партнерства и соработка во земјата, регионално и глобално.
Клучните елементи кои ќе ја донесат оваа промена вклучуваат:
(а) Зајакнување на капацитетите на МСП за туризам и зголемен пристап до пазарите;
(б) подигната свест и разбирање за потребата од нов маркетинг пристап во туризмот;
(в) Подобрено опкружување за размена на информации, соработка, истражување, како и развој на заеднички маркетинг производи за проширување на пазарите надвор од локалната прекугранична област;
(г) Локална експертиза меѓу приватните и јавните субјекти за развивање на политики и стандарди за усогласување што ги исполнуваат меѓународните стандарди за развој на туризмот;
(д) Капацитетот на МСП за ефикасно користење на технологијата за подобрување на нивниот синџир на вредности;
(ѓ) Знаење и свесност неопходни за одржување на партнерства и добри практики во туризмот, како и силна мрежа посветена на унапредување на развојот на иницијативи за прекуграничен претприемачки туризам.
Затоа, проектот има за цел да ги зајакне приватните и јавните субјекти (МСП, владини агенции, нови компании и индивидуални претприемачи) во туристичкиот сектор за да придонесат во економскиот раст и стимулирање на создавањето нови работни места во прекуграничниот регион. СТЕП зема во предвид дека веќе постојат МСП и јавни институции и организации кои се вклучени во разни иницијативи и имаат експертиза во туристичкиот сектор. Проектот поттикнува создавање на нови иницијативи и можности за туристички иницијативи, но исто така ќе инвестира и во постојните капацитети за решавање на тековните потреби, како и за збогатување на расположивата експертиза. Освен тоа, проектот ќе ги зголеми капацитетите на МСП за да го интернационализира нивниот пазар и да им обезбеди алатки и вештини кои ќе им овозможат да ја зголемат туристичката понуда и побарувачката во регионот, исто така и да се поврзат и да изградат нови партнерства по завршувањето на проектот.
Генерално, проектот ќе им користи на крајните корисници на следниов начин:
- МСП и нови претпријатија ќе можат да ги зголемат своите капацитети и да се ангажираат стратешки во креирање на нови деловни можности, да ги прошират своите пазари, со што ќе придонесат за нивниот зголемен бизнис промет. Исто така, ќе им се даде можност да се поврзат и да изградат нови партнерства што ќе доведат до создавање нови бизнис иницијативи.
- Индивидуалните претприемачи ќе научат како да заработат дополнителен приход со користење на нивните недоволно искористени средства и ќе добијат можности за започнување на микро-бизниси во туристичкиот сектор.
- Владините агенции ќе имаат јасни насоки за тоа како да се олесни создавањето на поволно опкружување за развој на туризмот. СТЕП ќе им обезбеди можности за градење на односи на взаемна доверба и реални очекувања со приватниот сектор.
На крајот, проектот ќе го зголеми учеството на извозната вредност на туристичкиот сектор и ќе придонесе кон поодржлив, сеопфатен и балансиран економски развој на регионот.
СТЕП се фокусира на околу 4 клучни области на активност: 1) градење на стратегија преку широки консултации и координација, 2) градење на капацитетите за МСП, нови претпријатија и индивидуални претприемачи, 3) вмрежување и интернационализација на вредносните синџири, 4) поддршка на конкретни шампиони проекти кои ќе се користат како најдобри примери за мотивирање и поттикнување прекуграничен туризам.
Влијание / резултати се:
(R1) Зголемување на капацитетот на туристичкиот бизнис за стратешко користење на ИКТ за зголемен дострел на пазарот преку тренинг и менторска поддршка платформа;
(R2) Зголемена туристичка побарувачка во регионот преку зголемена онлајн содржина и активност;
(Р3) Зголемена интерконекција помеѓу туризмот и културата во прекуграничниот регион преку создавање на СТЕП мрежа на информирани и овластени туристички јавни и приватни субјекти, Граѓански организации – ГО, туристички кластери и / или стопански комори;
(R4) Зголемен капацитет на туристичките бизниси и индивидуалните претприемачи за интернационализација, поврзување и партнерство со меѓународните релевантни страни;
(R5) Создадена Интер-регионална туристичка онлајн платформа (iTOP)
(R6) Создаден кредибилен STEP бренд кој обезбедува додадена вредност за малите и средните претпријатија во прекуграничниот регион со тоа што придонесува за идентитетот, создавајќи доверба и почитување и подигање на очекувањата за квалитет и интегритет.
Крајни корисници се МСП, владини агенции на локално и национално ниво (релевантни министерства, центри за регионален развој, оддели за туризам), агенции за развој и унапредување на туризмот, туристички кластери, стопански комори, нови компании и граѓани како потенцијални индивидуални претприемачи во туризмот секторот, како и граѓанските организации и медиумите.
Акциските локации ќе бидат областа на Полог, Република Северна Македонија и областа на Елбасан, Република Албанија.
Клучните факти и бројки релевантни за проектот:
- Траење на проектот: 27 месеци
- Датум на започнување на проектот: 01.01.2018
- Краен датум на проектот: 01.04.2020