Hiking the Balkans

,
Име Hiking the Balkans
Адреса Бул. Јане Сандански 5-1/11 Скопје
Вид на субјект НВО
Категорија НВО
Лице за контакт Леонида Баша
Контакт мејл welcome@hikingthebalkans.com   /    leonidabassa@gmail.com
Контакт телефон 0038977859706
Веб страна http://www.hikingthebalkans.com/
Опис на основни активности Дали Ве интересира пешачење, планинарење, пливање во отворени води, рафтинг на диви води, кајакарство, велосипедизам и уживање во природа? Дали сакате да откриете нови култури и да пробате вкусна органска храна и домашни оброци?  Ако Вашиот одговор е „да“ за сè, тогаш Хајкинг д Балканс е создаден за Вас. Идејата зад Хајкинг д Балканс е да се промовираат балканските земји кај љубителите на природата кои сакаат престој во природа и сакаат искуство од прва рака во овој фасцинантен регион во Европа. Сите патувања организирани од страна на Хајкинг д Балканс се осмислени од мештаните. Сета храна која ја јадеме е од локално потелно и подготвена на традиционален начин. Нудиме патувања кои се по мерка, со водич, за мали групи или авантуристички за сите оние кои се заинтересирани да го истражуваат Балканот. Имаме одберено уникатни локации кои се протегаат од Хрватска па сè до Бугарија и Албанија вклучително и Босна, Србија, Црна Гора, Косово и Македонија. Нема да Ве ставиме во автобус и да Ви го покажеме целиот Балкан за десет дена бидејќи ние не функционираме така. Но можеме да Ве однесеме таму одново и одново. Доколку сакате да дојдете. Ние Ве спуштаме во светот на пешачење по неверојатни планински венци и застанување по села за свежо испечен леб. Ве носиме низ врвовите на Балканот, Виа Динарика, меѓугранично пешачење, до скриени водопади и планински езера каде што може да пливате без да сте опкружени со други туристи. Нашето опширно познавање на Балканот ни овозможува да понудиме автентични маршути, многу малку од нашите патувања се повторуваат и постојано ги дотеруваме и модификуваме при процесот на откривање нови области од интерес. Хајкинг д Балканс овозможува вистински увид во деветте земји во кои што работиме, како и во нивната култура, историја и природа и Ви нудиме можност за вистинска и автентична интеракција со локалното население. Нашите локални водичи имаат посетувано меѓународни обуки и поседуваат меѓународни лиценци. Посветени сме и на помагање на млади обесправени лица кои потекнуваат од Балканот да развијат кариери како планински водичи во иднина. Учествуваме во годишни активности за чистење планински патеки, градење природни засолништа за планинари како и означување нови патеки. Сите наши патувања се придружувани од водич и максималниот број учесници во една група е 18. Треба да бидете релативно здрави и во форма и редовно да пешачите за да можете да уживате на нашите патувања. Но најмногу од сè треба да сте отворени и љубопитни и да имате страст за животот. Четири години организиравме авантуристички патувања преку Лондонскиот европски клуб и по едно истражување во 2015 година дојде времето да почнеме со Хајкинг д Балканс. Еве што имаат да кажат оние што биле со нас на патување: „Отсекогаш сум бил фасциниран од идејата да патувам низ Балканот, за чија историја знам многу малку. Сепак, работата и животните определби не ми оставаат многу простор да планирам одмор. Во мај се приклучив на Лондонското европско патување кое Маја го организираше во Црна Гора и по еден месец си резервирав место за второ и трето патување. Навистина беше фантастично искуство да се патува со некој со таква неверојатна страст и знаење за историјата и политиката во регионот. Бев хипнотизиран од убавините кои ги нуди овој регион. Планините, сонцето, реките, езерата како и многу тажно минато чии што рани се сè уште свежи во срцата на луѓето. Можев да ја вдишам автентичноста во секое место во кое што бев. Целосно ги препорачувам!“ Стефано Палмерини: „Сум бил на три патувања на Балканот со оваа група и ќе одам на четврто за неколку месеци. Секој пат е фантастично искуство со прекрасни луѓе и неверојатни локации, водени сме од локални водичи со страст за нивната земја и природа. Од нашето последно патување би го истакнал кафето и НЕВЕРОЈАТНИОТ домашен леб и сирење од албанските сезонски фармери на една отсечена маглива падина.“ Карло Теубнер: „Има сè – запрепастувачки глетки, толку многу места со историска вредност, кристално чиста вода, вкусна органска храна и пријателски расположени мештани. Никогаш немаше да знам колку работи има што вредат во оваа област без Вашите внимателно истражени и одберени патувања и би сакал да Ви се заблагодарам за едни од најдобрите одмори на кои некогаш сум бил.“ Кулдип Синг: „Дојдете со нас и имајте ја авантурата на животот.“ Тимот на Хајкинг д Балканс
Facebook https://www.facebook.com/HikingTheBalkans/

 

Галерија

 

Skills

Posted on

19/11/2018