Партнерите на проектот СТЕП, заедно со членовите на мрежата, на 04-05 март ќе ја организираат првата работилница во Попова Шапка, која ќе иницира различни видови на прекуграничен туристички пакети и тури кои “пакетираат” широк спектар на услуги заедно да создадат едно уникатно заедничко искуство.
Се очекува да присуствуваат околу 25 туристички субјекти и другите ентитети кои се занимаваат со туризам, од полошкиот регион и од тој на Елбасан (50 вкупно) и практично да работат во создавање на овие туристички пакети, кои подоцна ќе бидат презентирани во дигитална платформа iTop.
Предноста на учеството ќе има најактивните членови на СТЕП мрежата. Пакетите ќе комбинираат работи како транспорт, сместување, храна и секогаш ќе вклучуваат места и атракции од двете страни на границата.
Во работилницата ќе има презентација на идеи за туристички пакети од предходните три заеднички средби во помали групи кои работеа во регионот на Елбасан и Полошкиот регион, како и теоретска презентација на туристичкиот пакет со конкретен пример, поделба на учесниците во групи од интерес за развој на овие пакети, ориентација на групите што ќе работат, работа во групи со помош на тимот на проектот, презентација на нивните групи, како и заклучоци и продолжеток за втората работилница.
Проектот е финансиран од фондовите на Европската унија.