На 16 декември започна снимањето на 10 кратки видеа наменети за туристичка промоција на регионите Полог и Елбасан. Првата клапа падна во регионот Елбасан, Република Албанија. Снимањето ќе се одвива во поголемиот дел на локации кои географски припаѓаат на двата таргетирани региони Полошки во Северна Македонија и регионот Елбасан во Албанија. Видеата се дел од проектот СТЕП а Тројка Студио Скопје е филмската продукција која ќе ги изработи.