Дел од тимот на СТЕП проектот од денес започнаа со посета на членките на мрежата се со цел проверка на критериумите кои се зададени за добивање на Сертификатот на усогласеност и Сертификатот на успешност. Посетата започна од Елбасан, па продолжи во Белш, Република Албанија. Главно тимот се сретна со сопственици на ресторани и приватни пансиони и како дел од критериумите кои беа побарани да ги исполнат се: членката да е легален ентитет, да задоволува санитарни критериуми- хигиена, да биде просторот прецизно маркиран, персоналот да зборува барем англиски јазик итн. Денес сите 6 членки ги исполнуваа критериумите пропишани за добивање на Сертификат за усогласеност. Покрај работниот дел, тимот на СТЕП имаше прилика да оствари и дружење со членките на мрежата.