Втора презентација за туризам за микропретприемачи од Полошкиот регион во Тетово, Република Северна Македонија, 12ти јули
Во рамките на проектот за развој на иновативен туризам – СТЕП, беа планирани да се одржат две презентации за потенцијалните идни претприемачи во областа на туризмот. Првата беше одржана во општина Гостивар во месец мај, а втората се одржи на 12-ти јули во просториите на Педагошкиот Факултет – Универзитет во Тетово, Тетово. За време на презентацијата, модератори беа членовите на СТЕП мрежата, како и самиот тим на СТЕП. Учесници на настанот беа потенцијални претприемачи во областа на туризмот од Полошкиот регион како и туристички водичи, планинарски водичи, сопственици на куќи и викенд куќички кои би сакале да ги изнајмуваат на туристи и други туристички работници.
Исто така имаше презентација и за ИПАРД фондовите и директните бенефиции од нив, презентирана од искусни консултанти на ИПАРД фондовите, кои што веќе соработуваат со дел од членовите на СТЕП.