На 31 јули во просториите на Центарот за регионален развој Полог од 13.00ч до 15.00ч се одржа инфо сесија поврзана со повикот за мали акциски грантови како дел од СТЕП проектот. Целта на инфо сесијата беше информирање на учесниците за постапката за аплицирање за мали акциски грантови. За време на инфо сесијата голем број на заинтересирани учесници ги разрешија сите дилеми и нејасности поврзани со процесот на аплицирање.