На 26 и  27 јуни во Пеќин, Република Албанија се одржа третата дводневна обука за маркетинг.  Темите кои се третираа на овие обуки се фотографија, видео како и основи на веб-страна и употреба на готови извори на интернет. Обуките ги водеа локални маркетинг експерти и беа од интерактивна природа, така што членовите на СТЕП мрежата беа во можност да побараат директна помош од маркетинг експертите како и да земат учество во практични вежби.