На 24 јуни во Тетово се одржа работен состанок на тема ‘’Воспоставување на организација за управување со дестинациите во Полошкиот регион Мавровскиот рекански регион’’. На состанокот учествуваа и официјални претставници од СТЕП проектот.
Покрај краток вовед со активностите на проектот , учесниците беа запознаени со критериумите и начинот на кој беа избрани дестинациите, улогата и задачите на Core Stakeholder Group. За време на состанокот беа разгледани и резултатите од прашалникот спроведен во март 2019 на статистички примерок од 1200 испитаници од кои 30% одговориле на прашалникот. Врз основа на анализа на податоците добиени од прашалникот, донесени се следниве заклучоци: Најважно е да се изготви стратегија и план за развој на дестинациите, потребна е институционална поддршка (Влада и Министерства, локална промоција на атракции и збиднувања, настани, како и маркетинг и брендирање на дестинациите. А како следи чекори беа истакнати: Формирање на Core Stakeholder Group, обука на членовите на групата, студиско патување во Словенија, организирање на работилници како и активно вклучување на сите членови во процесот на формирање на организацијата за УД.