Проектот за локална и регионална конкурентност во рамките на спроведување на процесот на управување со дестинации организира студиско патување во Словенија од 25 до 28 ноември. Целта на патувањето беше запознавање со добри практики и стекнување на знаење со процесот на управување со дестинации којшто успешно се спроведува во Република Словенија.
Студиското патување беше наменето за членовите на основната група на засегнати страни за регионот Река и Полог, на коe учествуваа претставници од СТЕП. За време на четиридневното студиско патување се разговараше на теми од областа на туризмот. Методи за работа на организациите кои менаџираат со дестинации, начини за зголемување на туристичката посетеност на дестинациите што се нудат, можност за соработка со повеќе региони, изнаоѓање на иновативни начини за привлекување на туристи се само дел од темите на кои се дискутираше.
За време на студиското патување, претставниците на СТЕП имаа прилика да разменат добри искуства со туристичките работници и организации за менаџирање на дестинации од Словенија во поглед на изнаоѓање на начини за понатамошно самоодржување на проектот.
Бидејќи дел од целите на СТЕП проектот се вмрежување со регионални и меѓународни субјекти преку интернет туризам како и создавање на мрежи и можности за соработка со мали и средни претпријатија и претприемачи, учеството на ова студиско патување претставува чекор понапред кон остварување на овие цели.