Во втората половина на месец октомври, во рамките на STEP проектот беа извршени првите менторски сесии за членките на STEP мрежата. Менторските сесии во регионот Полог беа извршени од страна на менторите Роман Пападимитров, Сеад Џигал и Евзал Ракипи, експерти во областите на комуникации и маркетинг со над 20 години искуство во областа. Додека менторските сесии во регионот Елбасан ги извршија експертите Матилда Андори и Еленита Роши.
Сесиите за менторирање се сочинуваат од директни средби и креирање на бизнис и маркетинг стратегии на секој од менторираните членки посебно, со цел да се зголеми нивната онлајн видливост и одржливост на нивниот бизнис.