На 24 декември во просториите на Округот Елбасан се одржа работна средба на дел од тимот на СТЕП. На состанокот се анализираа досегашните резултати како и идни активности како што се усвојување на план за посета на членките и проценка на критериумите врз основа на кои ќе се доделуваат Сертификатите за усогласеност како и Сертификатите за посебен придонес. Исто така беа разгледани предлог дизајните на сертификатите и посебните печати (stamps), кои сертифицираните членки ќе можат да ги истакнат на своите капацитети.
Како дел од состанокот беше разгледано како тече менторирањето и беше заклучено дека има добар фидбек од страна на членките корисници на програмата. Посебен акцент на работната средба се стави на креирањето на I-TOP платформата и содржините кои ќе бидат дел од истата.