На 22 септември грантистите од Албанија беа во посета на членовите на СТЕП од Северна Македонија. За време на работната средба разменија искуства членки кои се сопственици на слини бизниси. Исто така беа потпишани меморандуми за соработка за креирање и понуда на заеднички пакети како партнери од двете страни на границата.
Првата работна средба се одржа со Блерим Шаќири, од Јета Аир Тур, за промовирање на услугите и производите на грантистите од Албанија, преку неговата туристичка агенција.
Потоа, во Гриш Кафе, беа запознаени со сосема поинаква понуда, имено корисниците на Гриш Кафе користат бесплатно велосипеди за да ги извршуваат своите секојдневни работи. Педало во Белш доби корисни информации за нивната деловна активност и по конструктивниот состанок, страните се договорија за продолжување и продлабочување на соработката.
Хотелот НБ беше следната станица, каде на работниот ручек, менаџерот на хотелот ги објасни можностите за соработка на посетителите од Албанија. На состанокот се приклучи и Сенад Идризи, професионален велосипедист во име на здружението на велосипедисти и страствен љубител на активни прошетки во природа, каде го сподели искуството што го реализираше во 2019 година со Алберт Калеци, член на мрежата. СТЕП, прекугранична тура со германските туристи во регионот на Полог, Охрид и Елбасан.
На последниот кат од хотелот беше во тек ликовна колонија со сликари од Северна Македонија, Косово и Албанија, и секако членките на СТЕП ја искористија приликата да видат дел од уметничките дела.
Потоа работните состаноци продолжија во Вратница и Беловиште каде се потпишаа договори со Хостел Китка и Белојски Бисер.
Напорниот работен ден го завршија со искачување на Попова Шапка, Хотел Скардус, исто така член на СТЕП кој во својата понуда нуди три активности слични на грантистите, хотел, ресторан и планински велосипедизам.
Денес работните средби и состаноци продолжуваат а на дневен ред се состаноци со претставници на музеи, кајаци и гастрономија.