На 19 јануари заврши снимањето на 10 кратки видеа наменети за промоција на туризмот во Полог и Елбасан. Снимањето се одвиваше на преку 100 локации во двата региони. И покрај тешките услови направен е добар видео материјал кој во моментов е во процес на монтажа. Видеата се дел од проектот СТЕП а Тројка Студио Скопје е филмската продукција која ги подготвува. По завршувањето на постпродукцијата, видеата ќе можат слободно да ги користат членките на СТЕП мрежата при промовирање на своите капацитети.