На 18ти и 19ти јуни во Маврово се одржа втората обука за членовите на СТЕП мрежата. За време на обуката учесниците под менторство на локални експерти се стекнаа со знаење од областа на маркетинг на социјални медиуми како и користење на соодветни алатки на социјалните медиуми со цел маркетинг промоција на нивните бизниси. Учесниците исто така имаа прилика да се запознаат со основите на copywriting и негова примена и важност при креирање на содржини наменети за промоција на социјалните медиуми.