Во рамките на проектот за развој на иновативен туризам – СТЕП, на 23 мај во просториите на Youth and Community Center во Гостивар се одржа презентациja за потенциалните претриемачи во секторот на туризам. За време на настанот модератори беа членовите на СТЕП мрежата, како и самиот тим на СТЕП. Како дел од настанот беа потенцијални претприемачи во областа на туризмот од Полошкиот регион како и туристички водичи, планинарски водичи, сопственици на куќи и викенд куќички кои би сакале да ги изнајмуваат на туристи и други туристички работници. За време на неколку часовната презентација учесниците имаа прилика да слушнат кои се економските можности кои ги нуди прекуграничната соработка како и бенефитите од членувањето во СТЕП мрежата. Исто така учесниците беа запознаени со можностите за дополнителен приход доколку во своето работење користат светските туристички платформи како Airbnb и Booking.com.