На 6 март во Тетово се одржа вториот состанок на Советодавниот одбор на СТЕП. На состанокот присуствуваа тројца членови на Советодавниот одбор на проектот од регионот Полог, Градоначалничката на Општина Тетово г-ѓа Теута Арифи и Претседателот на планинарскиот клуб Љуботен г. Јован Божиновски, како и трите члена на  Советодавниот одбор на проектот од регионот Елбасан, г. Букурош Стафа, Претседател на Советот на Округот Елбасан – г. Гентијан Латја , Градоначалникот на општина Елбасан и, г. Ариф Тафани – Градоначалник на општина Белш.

За време на состанокот на присутните им се презентираа досегашните активности со посебен фокус на I-TOP Интер – регионалната он-лајн платформа за туризам. Учесниците имаа прилика да се запознаат со финалната верзија на платформата и начинот на кој таа функционира како и понатамошна одржливост на платформата и СТЕП мрежата. Како дел од состанокот се одржа и видео проекција на 10 кратки видеа кои се наменети за туристичка промоција на регионите Полог и Елбасан.

Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП) е договор за грант на ИПА2, Програма на Европска Унија за прекугранична соработка, алокација 2014-2015. Партнери во проектот се Метаморфозис – Фондација за Интернет и општество, Центар за развој на полошкиот плански регион, како и Советот на Округот Елбасан. Главна цел на проектот е промовирање на енергичен туристички меѓународен сектор кој ефикасно се прилагодува на потребите на домашните и меѓународните пазари како и зголемување на капацитетите на туристичките претпријатија и градење на стратешки партнерства и соработка во земјата, регионално и глобално. Како краен резултат од проектот се очекува зголемена туристичка побарувачка во регионот преку зголемена онлајн понуда како и економски развој на двата региони.