Прашање (објаснување за апликантите од Република Албанија): Каков документ детално претставува овој вид документ „Копија на тековниот статус од Централниот регистар, не постар од 6 месеци“, затоа што јас сум нов стартап регистриран само 6 месеци?
-Документот е едноставен / тековен Екстракт од QKB, кој е исто така достапен на веб-страницата на QKB.
Прашање: Дали ДООЕЛ, друштвата со ограничена одговорност, имаат право да учествуваат, или само индивидуални трговци?
-ДООЕЛ исто така имаат право на аплицирање, во согласност со упатствата дадени во Повикот.
Прашање: (појаснување за апликантите од Република Северна Македонија): Дали во предлог проектот за Повик за доделување на мали акциски грантови e задожително да се има партнер од Република Албанија ?
-Не, не е задолжително да се има партнер од Република Албанија. Граѓанските организации мора да имаат партнер од приватен бизнис регистриран во Република Северна Македонија или Република Албанија (во регионите споменати во Повикот), додека приватните бизниси можат да аплицираат самостојно.
Прашање– Дали апликантите од Северна Македонија ќе можат да аплицираат на албански јазик?
-Да, ќе можат, на веб-страницата на проектот www.step.mk има дополнителни официјали информирации.
Прашање – Во однос на повикот, ме интересира дали може да се пријават и странски компании или пак истиот е наменет само за македонски компании?
Во повикот нема ограничување на понудувачите, со тоа што врз основа на договорот за Грант со референтен број IPA/2017/390-054, во рамки на програмата за прекугранична соработка финанциран од Европската унија (ИПА II 2014-2015), ДДВ не е подобен трошок, и проектот го плаќа износот на услугата во фактурата, без ДДВ.