Метаморфозис, фондација за интернет и општество, Центарот за развој на Плански регион Полог, и Советот на Округот Елбасан
Во рамки на проектот
„ Проект за зајакнување на иновативен туризам СТЕП“
го реобјавуваат

Повикот за доделување на мали акциски грантови
За делот на Република Северна Македонија

Рок за поднесување: 10 Октомври 2019 г.

1. Вовед

Проектот „ Проект за зајакнување на иновативен туризам – СТЕП“ (анг. Smart Tourism Enhancement Project – STEP) го спроведува Фондацијата „Метаморфозис“ во партнерство со „ Центар за развој на Плански регион Полог, и Советот на Округот Елбасан во периодот од 01.01.2018 до 31.03.2020 година со поддршка од Европската Унија.
Основна цел на проектот Промовирање на енергичен туристички сектор кој ефикасно се прилагодува на потребите на домашните и меѓународните пазари и придонесува за забрзување на растот и стимулирање на отворањето нови работни места во прекуграничната туристичка зона помеѓу Македонија и Албанија.

Специфичните цели на проектот се:

• проширување и унапредување на стратешкиот и координиран пристап до специфични нови и стратешки пазари за извоз на туризам за туристички бизниси (особено Малите и средни претпријатија – МСП и нови претпријатија);
• Зголемување на капацитетите на туристичките претпријатија за задоволување на побарувачката и барањата на туристите во регионот и градење на стратешки партнерства и соработка во земјата, регионално и глобално.
Во рамки на проектот „СТЕП“ се спроведува програма за мали грантови (анг. small grants scheme) преку која ќе бидат доделени вкупно 5 мали грантови, во еден циклус и се поддржуваат проекти наменети за планскиот регион Полог на Република Северна Македонија. Во рамки на овој повик на програмата за мали грантови на СТЕП ќе бидат доделени пет (5) грантови со износ од 3.000 до 5.000 евра.

Методологијата за програмата за мали грантови е дизајнирана и како процес на учење кој ќе биде комплементарен со самите активности. Одбраните апликанти ќе бидат поддржани низ целиот процес на имлементација на нивните грантови, во сите фази од имплементација на проектот. По одобрувањето на предложениот проект, на апликантите ќе им биде пружена техничка асистенција базирана на нивното ниво на компетентност преку посебно дизајнирани менторства за натамошно зајакнување на капацитетите, поддршка на нивните специфични потреби вклучувајќи односи со јавност, комунникации, евалуација и сл
Периодот на имплементација не смее да биде подолг од 3(три) месеци

2. Карактеристики и цели на поддршката

Поддршката во рамки на проектот „ Проект за зајакнување на иновативен туризам – СТЕП “ се однесува на иницијативи на локални Граѓанските организации (ГО)/МСП/Трговец поединец (ТП) во меѓусебно партнерство и ќе ги поддржи истите за креирање и промовирање на прекугранични туристички пакети преку поддршка на мали грантови.
Овој повик е дизајниран да одговори на предизвиците со кои се соочуваат малите и средните претпријатија во меѓународните пазари, како да користат онлајн маркетинг алатки и техники за да ја промовираат својата понуда на ефикасен и иновативен начин. Исто така треба да одговори и на недостигот на ефективна прекугранична соработка, која може да ги зајакне нивните позиции и да ја збогати нивната понуда,
Програмата за поддршка на мали грантови ќе обезбеди поддршка за насочени прекугранични туристички иницијативи кои ќе придонесат за постигнување на целокупните цели на СТЕП, транспонирани на локалните околности на целниот прекуграничен регион.
Програмата за мали грантови поддржува иницијативи за стимулирање на иницијативите кои ќе се фокусираат на користење на онлајн алатки за зголемена видливост и достапност на пазарот на конкретни туристички пакети

Програмата за мали грантови ги има следните цели:

а) Директно ги поддржува целите на СТЕП (истакнати во Воведот);
б) Потикнување на иницијативи за подобрување на туристичкиот бизнис;
в) Воведување на иновативни и нови бизнис модели во туристичкиот сектор
г) Обезбедување креативни и ефективни стратегии за пристап до нови пазари
д) Стратешка употреба на традиционални и нови медиуми за зголемена видливост;
ѓ) Промовирање интегративен пристап кон различните етнички зедници и внимаваат на родовата застапеност
е) поттикнување на партнерства и соработка во прекуграничниот регион.
ж) Поттикнување на создавање прекугранични туристички пакети

3. Поднесување на апликациите

Апликантите – кандидати за носители на проекти кои ќе се финансираат преку програмата за мали грантови, ќе треба да ги поднесат нивните апликации во електронски формат преку електронска пошта, преку користење на стандардниот пакет-документи за аплицирање на фондацијата „Метаморфозис“, кој ги вклучува следните составни делови:

• Пополнет Прилог 1: Формулар за аплицирање на македонски јазик или албански јазик (word формат);
• Скенирана копија на Првата (и втората доколку има повеќе партнери со печат и потпис) и последната страница од формуларот за аплицирање (со печат и потпис);
• Пополнет Прилог 2: Формулар за буџет, на македонски јазик или албански јазик (excel формат);
• Пополнет Прилог 3: Формулар за временската рамка за имплементација, на македонски јазик или албански јазик (word формат);

Дополнителни прилози:

• Работни биографии (CV) на раководителот на проектот или на проектниот тим;
• Копија од документ за регистрација;
• Копија од Тековна состојба од Централен регистар, не постара од 6 месеци;

За целосно поднесена пријава ќе се смета онаа која ги вклучува сите целосно пополнети формулари и сите дополнителни прилози.

При пополнување на Образецот за буџет потребно е да се води сметка за правилата дадени во
Упатството за буџетирање,

Еден апликант може да аплицира како само со една проектна апликација. Апликантите кои ќе аплицираат со повеќе проектни апликации како носители или партнери ќе бидат дисквалификувани.

Краен рок за аплицирање 10 Октомври 2019 г. до 16 часот, исклучиво преку по е-пошта до contact@step.mk.

Формуларите за аплицирање во Република Северна Македонија може да се пополнат на македонски јазик, или на албански јазик.

Апликантите на кои ќе им бидат потребни појаснувања или дополнителни информации за повикот треба да поднесат прашања по е-пошта до contact@step.mk. до 07 Октомври 2019 г. до 16 часот, за да може да
добијат одговори на време, пред истекот на крајниот рок.

4. Евалуација и избор

Селекцијата на кандидатите ќе биде процес од три фази: пред-селекција, оценување и доделување. Секоја апликација ќе биде пред-селектирана за да се осигура дека ги исполнува основните барања на повикот и дека е во согласност со следните основни предуслови:

• ГО/МСП/ТП треба да бидат со регистрирано седиште во Полошкиот плански регион кој ги опфаќа следните општини: Јегоновце, Теарце, Тетово, Желино, Гостивар, Брвеница, Боговиње, Врапчиште; Маврово –Ростуше, во Рeпублика Северна Македонија, како и Регионот на Елбасан, Република Албанија коj ги опфаќа следниве општини: Елбасан, Пренјас, Либражд, Белш, Церик, Пеќин, Грамш
• Предложените иницијативи покажуваат јасни придобивки за двете страни на границата
• Формуларот за аплицирање е целосно пополнет вклучително сите други придружни документи
• Формуларот за аплицирање е приложен пред рокот за аплицирање
• Бараната финансиска поддршка не го надминува максималниот износ за мали грантови;
• Граѓанските организации можат да аплицираат само во партнерство со МСП/ТП

Апликацијата мора да ги исполнува сите горенаведени критериуми за да продолжи во фазата на оценување. Апликациите што не ги исполнуваат основните предуслови ќе бидат отфрлени.
Нема да се земат во предвид апликации кои опфаќаат активности од следните видови:

• индивидуални спонзорства за учество на работилници, семинари, конференции и конгреси;
• покривање индивидуални школарини за студии или обуки;
• поддршка на политички партии или кандидати за избори;
• ретроактивно финансирање на проекти чие спроведување е во тек или се завршени;
• проекти кои носат исклучива полза за индивидуи или одредени ексклузивни групи лица;
• проекти кои опфаќаат активности во поддршка на политички партии;
• покривање основни трошоци за функционирање на апликантите или коапликантите (т.е. кога буџетот е главно наменет за покривање организациски трошоци);
• хуманитарни активности;
• градежни работи или реконструкција на градежни објекти;
• кога буџетот е само наменет за набавка на опрема.

. Апликантите не се обврзани да обезбедат кофинансирање од други извори.

Следниве апликации ќе се сметаат за приоритетни во процесот на селекција:

• Апликации со обезбедено кофинансирање од најмалку 5% од вкупните трошоци на акцијата;
• Апликации од start-ups
• Креативни и исплатливи иницијативи со висок потенцијал за долгорочна одржливост.
• Проекти кои вклучуваат соработка помеѓу приватниот сектор од двете страни на пограничниот регион или останати форми на соработка за промоција на туристичка понуда

Сите апликации позитивно оценети за време на претходна проценка ќе бидат презентирани на
Комитетот за надзор за одобрување / одбивање / условно одобрување. Комитетот за надзор ќе ги оценува апликациите врз основа на следниве критериуми за селекција:

1. Технички пристап (максимум 70 поени)

• Релевантност на потребите и прашањата кои ги адресираат (30 поени)
• Квалитет на предложените активности (15 поени)
• Активности ориентирани кон резултати (15 поени)
• Иновација и одржливост (10 поени)

2. Организациски капацитет и минати перформанси (максимум 10 поени)
• Административни и менаџерски капацитети, start-up претпријатија (5 бода)
• Релевантно искуство од минатото и резултати во слични области (5 поени)

3. Предлог за трошоци (максимум 20 поени)
• Ефективност на буџетот, во смисла рационално планирање на трошоците во функција на исполнување на зададените цели (10 поени)
• Ко-финанцирање (10 бодови)

5. Начин на финансиска реализација на под-грантовите

Договорниот орган нема да врши трансфер на средства на сметка на грантистите. Финансиската реализација на трошоците од малите грантови ќе се врши директно од страна на договорниот орган врз основа на доставeно барање за плаќање на фактура од страна на грантистите за секој настанат трошок одделно, во согласност со одобрениот детален буџет на грантот. Трошоците ќе бидат ослободени од плаќање ДДВ. Процедурата за ослободување на ДДВ ќе ја иницира договорниот орган. Персоналниот данок на доход се смета како подобен трошок.

6. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

За апликантите кои ќе бидат избрани ќе биде организирана средба за појаснување на правата и обврските што произлегуваат од доделувањето на Договорите за грант. Сите апликанти кои се пријавиле ќе бидат известени за резултатите од Повикот.

Сите дополнителни информации за поддршка околу повикот ќе бидат објавени на службената веб страна на проектот www.step.mk.

Доколку имате дополнителни прашања или потреба од појаснувања да се обратите на следнава електронска адреса: contact@step.mk до 07 Октомври 2019. Крајниот рок за поднесување на пријавите е 10 Октомври 2019, до 16 часот.

docx

Prilog_1_STEP_Formular_za_apliciranje_2019

Size: 33.20 KB
Hits: 20
Date added: 27-09-2019
docx

Prilog_3_СТЕП_Formular_za_vremenska_ramka_2019

Size: 132.20 KB
Hits: 20
Date added: 27-09-2019
xlsx

Prilog_2_STEP Formular_za_budzhet_2019

Size: 84.61 KB
Hits: 18
Date added: 27-09-2019
docx

STEP_Upatstvo_za_budzhetiranje_2019

Size: 145.72 KB
Hits: 20
Date added: 27-09-2019