Од 12 до 14 август, Justyna Mleczak туристичката инфлуенсерка од Полска го посети Полошкиот регион. Целта на посетата беше запознавање со туристичкиот потенцијал на регионот како и бизнис средби со дел од сопствениците на туристички капацитети кои се дел од СТЕП мрежата. Како дел од дводевната агенда беа: Шарена Џамија, Арабати Баба теке, село Јанче и хотел Туто, Вруток, Тивко Катче во Гостивар како и саат кулата и дегустација на баклава, посета на стар млин во Боговиње, дегустација на бурек под сач во село Камењане, Лешочки Манастир, Хостел Китка во Вратница и многу други локации. За крај од средбата тимот на СТЕП организираше работна вечера во Хотел Скардус – Попова Шапка на која присуствуваа членки на СТЕП кои сакаат да воспостават понатамошна соработка со Justyna Mleczak.