Караниколичко езеро или Гоел Ѓол е првото и најголемо езеро од трите кои го носат името Ѓол на Шар Планина, природно езеро кое се наоѓа на 2300м надморска височина.
На 22 септември екипа планинари од Албанија и Македонија во организација на планинарското друштво Peaktrip успееја да се искачат и да ги уживаат убавините на истото.
За природната убавина на езерото, предизвиците за време на искачувањето како и целокупната организација на планинарската тура ни раскажува Садик Абдирахими, претседател на планинарската организација Peaktrip.
1. Од кога е основана планинарската организацијаPeak trip, и нешто повеќе за професионалниот тим на организацијата?
– Peaktrip е основано пред 3 години, од тогаш почнaвме да го промовираме пределот на Шар Планина, како еден од најубавите и највозбудливите на Балканот, на тој начин што на правиме тури што луѓето ќе им биде прифатливи за своето око, и истото ќе ги натера да излезат од својот дом и да уживат надвор од комфорт зоната во прекрасната природа.
2. Како се роди идејата за ваков вид на тура? Ве замолуваме да споделите впечатоци од турата, посетеноста, временските услови? По што ќе ја паметите оваа тура?
-Истата тура беше организирана на ист датум точно пред една година 23.09.2018, и тогаш беше исто наведено, дека може да ни се придружи секој кој ќе сака да ужива во планинарскиот рај. Турата вклучувајше оборок со традиционална храна строго од органоско локално производство, како една соодветна завршница која не натера да го организираме истото пак ова година но сега присуствувааа околу 60 планинари.
3. По што се разликува оваа планинарење во споредба со другите тури кои ги организирате? Дали од учесниците се бараше посебна подготвеност ?
– Секоја планинарска патека, независно од тежиината, прво и основно захтева волја која би требало да ја поседуваш за да се предизвикваш себеси. На оваа тура целата екипа беше подготвена со летна опрема и соодветни чевли за планина која беше доволно да се пројде ова патека, па би рекол дека имавме одлична тура.
4. Колку членувањето во СТЕП проектот Ви помогна во понатамошната работа? Дали придонесе за збогатување на вашата туристичка понуда, во смисла креирање на нови погранични пакети, кои би ги опфатиле двата региони Полог и Елбасан?
– Членувањето на СТЕП во овој поглед ми помагаше да се дружам со одлични луѓе од сферата на туризмот со кои ќе изработиме и ќе ги градиме нашите заеднички идеи за туристичкииот сектор, идеи кои ќе бидат продуктивни за целата наша заедница во соработка со Албанија и пошироко.
5. Кои се идните планинарски предизвици на Peaktrip?
– Од Peaktrip се очекува многу, имаме една визија на која и понатаму работиме, да станеме истакната компанија во делот на adventure tourism. Исто така, се трудиме да имаме поголемо вмрежување во регионот, и се надеваме дека наскоро ќе имаме повеќе заеднички продукти со регионални компании за да ги нудиме на глобалниот пазар.