На 10 јули во Охрид ќе се одржи пограничен настан „Градење на заедничка иднина – Creating a common future “. Целта на настанот е промовирање на резултатите на деветте проекти кои се дел од програмата IPA Cross Border Cooperation помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија финансирани од Европска Унија. Преку 150 учесници професионалци од областа на туризмот, невладин сектор, претставници од општините како и медиуми од двете земји ќе имаат прилика да дискутираат на теми од областа на туризмот и да се запознаат со досегашните резултати и идните активности на 9 проекти.