На 12ти април, во Елбасан, Албанија беше оддржана првата фокус група за брендирање на СТЕП мрежата. Во рамките на фокус групата се дискутираше за можни слогани, како и слогани и имиња на туристичките пакети кои ќе бидат изработени во рамките на СТЕП мрежата.
Фокус групата имаше 10 учесници од регионот Елбасан коишто го изразија своето мислење за понудените можности за брендирање на СТЕП мрежата. Испитувањето траеше 2 часа во коишто беа детално разгледани сите можности и беа дадени доста предлози за подобрување на моменталните опции за брендинг.