На 30 септември се одржа финалната презентација на проектот СТЕП на која беа презентирани резултатите на проектот а потоа следеше панел дискусија на која се дебатираше на тема “Препораки на проектот СТЕП за надминување на предизвиците за подобрување на туристичката прекугранична соработка помеѓу регионите Полог и Елбасан “.  Настанот се одржа online а на него присуствуваа 88 учесници.  Покрај членките на СТЕП мрежата од двата региони, учествуваа и официјални претставници од општините, Агенција за поддршка на туризмот од РСМ, претставници од туристичките комори од двете земји и други државни институции кои се врзани со туризмот и работењето на турстичките работници.

На почетокот од конференцијата поздравен говор одржаа Бардил Јашари – Извршен Директор на Метаморфозис Фондација, Фрејк Јанмат, Советник, Раководител на Секторот за Економски прашања, градење институции, прекугранична соработка, Европска Унија, Делегација на Европска Унија, Фатмир Саити – Директор на Центар за развој на Полошкиот плански регион, Букорош Стафа – Директор на Советот на округот Елбасан како и Хасан Дражи – Член на советодавниот одбор на СТЕП.

Веднаш после поздравните говори, Флорент Бајрами – Проект координатор на СТЕП ги презентираше постигнатите резултати на проектот.
По завршувањето на официјаниот дел следеше панел дискусијата која се однесуваше на препораките на проектот СТЕП а посебен осврт на темата дадоа спикерите Билјана Пејоска Ристеска – Извршен директор на Стопанската Комора за туризам на Македонија, Дарко Булдиоски – консултант за дигитални комуникции. основач и директор на NewMediaMK, Фатмир Саити –Директор на Центар за развој на Полошкиот плански регион, Матилда Нацо – Андони – Извршен Директор на Туристичката Асоцијација на Албанија како и Алберт Калеци – Администратор на локалната единица Стеблево. За крај следеа прашања и одговори.

Проектот СТЕП траеше 2 години и 9 месеци и е договор за грант на ИПА 2, Прекугранична соработка: Република Северна Македонија – Република Албанија, алокации 2014- 2015. Проект партнери се Метаморфозис – Фондација за Интернет и општество, Центар за развој на Полошкиот плански регион и Советот на Округот Елбасан.

Дел од настан може да го погледнете на следниов линк:
https://www.facebook.com/SSTEPMP/videos/336164567693225/