Започнувајќи од 1 ви октомври 2019 година членовите на СТЕП мрежата ќе имаат можност да бидат менторирани од страна на однапред избрани искусни професионалци ментори/тренери, кои можат да дадат експертиза на следниве 5 теми:

  • Поддршка за брендирање на бизнисот / производите / услугите на членовите на СТЕП (ресторани, хотели, хостели, сопственици на викендици и други туристички агенти) со цел зголемување на придобивките
  • Поддршка при употребата на алатки за маркетинг (со фокус на маркетинг преку интернет) со цел туристичките субјекти да бидат видливи преку интернет како на домашниот така и на странскиот пазар
  • Создавање претприемачки вештини
  • Угостителство и менаџирање со клиентите
  • Интернет услуги за клиентите, интернет комуникација со засегнатите страни

 

Станува збор за искусни бизнис професионалци кои ќе им обезбедат практично искуство на членовите на мрежата СТЕП и други приватни и јавни субјекти од туризмот вклучени во процесот на градење на капацитетите.

Заинтересираните членки можат да стапат во комуникација со одговорните лица за Полошки регион:

Калин Марковиќ – маркетинг специјалист , е-mail: kalin@metamorphosis.org.mk

Контакт телефон: 070/345 – 525

Фатмир Хоџа – проект менаџер, е-mail: fatmir.hoxha@ymail.com

Контакт телефон: 071/261-897

И одговорно лице за Регион Елбасан, Република Албанија:

Костадин Чакали – проект менаџер, e-mail: kostacakalli@yahoo.com

Контакт телефон: +355698120780

Приоритет ќе имаат членките кои ќе се пријават први.