На 12 јуни во Скопје се одржа International Conference on Tourism – Feel Skopje. Целта на конференцијата беше на едно место да се соберат голем број на професионалци кои делуваат во секторот туризам и можност за споделување на нивните искуства со останатите учесници. Покрај туристички работници како и професионални блогери од Јапонија, Словенија, Хрватска, Швајцарија, Турција и многу други земји, на конференцијата присуствуваа и членки на СТЕП мрежата.
Она што посебно го истакнаа говорниците е дека работењето заедно на сите засегнати ентитети во областа на туризмот е клучот на успехот, бидејќи импресиите на туристот за одредено место се генерални и доколку еден дава добри услуги друг лоша тогаш финалниот впечаток ќе биде негативен. Посебна препорака за нашите туристички работници е дека треба максимално да се искористи и да се истакне вкусната храна и релативно евтиното сместување и напомнаа дека би било добро да се направат туристички пакети кои покрај посета на знаменитости во поголемите градови на Република Северна Македонија добро е и да вклучува и посета на планински места и други природни богатства.
Покрај официјалниот дел, учесниците на конференцијата имаа прилика да разменат контакти за можна меѓусебна соработка.