На 29 мај во просториите на Центарот за развој на плански регион Полог се одржаа работна средба помеѓу г. Блерим Шакири од Jeta Air и г. Садик Абдураими од Peaktrip. Станува збор за конструктивен состанок на кој двете членки на СТЕП работеа на креирање на заеднички туристички пакет. Креираниот пакет во иднина ќе биде понуден на туристичките работници од Елбасан со цел креирање на пограничен пакет, при што туристите ќе можат да ги посетат двете земји.
Креирањето на заеднички пакети е една од придобивките на СТЕП мрежата и се очекува овој пример да го следат и искористат и останатите членки, со единствена цел создавање на атрактивна и динамична туристичка понуда.