Прашање: Во врска со барањето за понуда за изработка на 10 видеа од по две минути, не интересира вредноста која ја имате ставено како максимум 683 000 денари (или приближно 11 000 евра), е за секое видео посебно или пак за сите 10видеа?
Одговор: Вредноста од 683 000 денари е сума предвидена за сите 10 видеа заедно. Дали во видеото ќе се користи сниман материјал или фотографии тоа оставаме на продукцијата и нејзиниот креативен пристап.

Прашање: дали 5-те наведени туристички пакети ќе бидат организирани од Ваша страна и ако да би ве замолил за приближни датуми, за прецизно одредување на рокот за испорака?
Одговор:Нема да има организирана посета на локациите, она што може да го понудиме е логистика околу контакти на локални лица од местата кои се предвидени за снимање.

Прашање: се побарува референци од потенцијалниот извршител на нарачката (правен субјект) и тоа според архивски договори и суми, а не и од сценарист, режисер, DoP (director of photography), a тоа се трите највлијателни фактори за квалитетно изработен видео спот?
Одговор:Врз основа на вашето подфолио, предходно снимени материјали ќе процениме дали нивото на продукцијата е соодветно, и доколку Ве избереме понатаму изборот на сценаристот, снимателот и останатиот креативен тим го оставаме на вас.

Прашање: дали е планиран претходен скаутинг на локациите (за можност за изработка на story board)?
Одговор: не е планиран скаутинг на локации.

Прашање: Во секој пакет има по минимум дваесет позиции за снимање, што реално во две минути (ако се одземе почетно intro и завршен disclaimer)
дава 4-5 секунди видео материјал по позиција. Дали се тоа предложени или задолжителни позиции?
Одговор: Сите позиции треба да бидат опфатени, без разлика на секундажата.

Прашање: како мислите да се реализира снимањето на петтиот пакет (качување на Титов Врв, Калкан, во декември кога е покриено со снег и непристапо …
Одговор: Не е задолжително да е Титов Врв…може да се веќе направени фотографии од локацијата, фотографиите од Shutterstock или такви други бази на фотографии.

Подпрашање од прашањето погоре:… и дали тој сегмент е “покриен” со делот “вклучување на постојни видеа и / или графички материјали од други извори”
Одговор: Да.

Прашање: Ве молам за појаснување на делот “Според нашиот буџет, дозволени се 15 дена за креирање на 10 различни промо видеа (пораки).”
Одговор: Во првите 15 дена ќе мора да ги разгледаме синопсисот/сценаријата и да дадеме одобрување за снимање на финалните сценарија.

Прашање: Бидејќи времето на испорака е максимум 60 дена и истото се бодува, дали се мисли на период за монтажа или…?
Одговор:60 дена од денот на потпишување на договорот ќе мора да имаме финална верзија на видеата.