На 16ти и 17ти април во Грамш, Албанија беа одржани првата и втората hands on работилница во рамките на СТЕП проектот. Учесници беа членки од мрежата СТЕП од регионот Полог и регионот Елбасан, како главни места на фокус од СТЕП проектот.

Во рамките на првата  работилницата беа дискутирани важни теми за подобрување на интернационалната соработка со главен фокус на растењето на сопствените бизнис капацитети за интернационална соработка, како и можностите, ризиците и предизвиците што ги носи истата во рамките на регионите Елбасан и Полог. По ова се оформија 5 работни групи коишто имаа за задача да се фокусираат на SWOT aнализа за можностите за интернационална соработка меѓу бизниси од регионите.

Вториот ден главен фокус имаше изучувањето на конкретни интернет алатки коишто можат да им овозможат да ја подобрат нивната онлајн видливост на бизнисот, како и начините на коишто тие се исползуваат најдобро за градење квалитетна интернационална соработка. Исто така, учесниците беа прашани за полињата на коишто им треба најмногу помош за реализација на интернационална соработка, како и растење на нивниот бизнис преку интернет алатки.