Минатата недела (13-ти и 14-ти декември), во градот Елбасан се одржа првиот подготвителен состанок за подготовка на рамка за заеднички туристички производи, на членките на мрежата СТЕП, со учесници од Албанија, кои ги претставуваат, бизнисот, академските институции, Невладини организации, локални и регионални власти и проектниот персонал. Во текот на работните сесии се дискутираше за одредени географски региони, со своите можности да бидат дел од потенцијалниот пакет, со посебен акцент на можностите за пакети кои ќе поминуват низ Белеш и неговите езера, во комбинација со градот Елбасан, познатите лиџи (бањи) на Елбасан, историската рута Виа Игнација, потоа туризам ориентиран кон специфични посети, како што се пакетите за посети на познатите пештери, планински туризам во заштитените подрачја од Либражд , како и комбинации на пакети со календарот на настани низ целиот регион.