Министерството за економија објавува „ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДДРШКА НА МАНИФЕСТАЦИИ ПО ИНТЕРЕС НА РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ ЗА 2019-та година “. Краен рок за поднесување на предлозите e 15-ти Март 2019 година

Предмет на поддршка: Доделување средства за покривање на дел од трошоците за организација на манифестации од интерес за развој на туризмот.

Корисници на поддршка се организатори на манифестации од следните категории: а) единици на локална самоуправа и Центри за развој на планските региони б) туристички организации, туристички комори и кластери в) културни и спортски здруженија и други асоцијации и здруженија г) граѓански организации и фондации д) јавни установи. Д) правни лица , чија дејност е поврзана со предметниот јавен повик Подносителот на барањето може да се пријави само со еден проект

За подетални информации, следете го линкот:

http://www.economy.gov.mk/doc/2525