Фондацијата Метаморфозис објавува повик со барање за изразување на интерес од добавувачи на консултантски услуги за менторирање на членките на мрежата СТЕП за „Проект за зајакнување на иновативен туризам – СТЕП“).
Активностите на проектот се во тек (ќе завршат до 31.03.2020), а менторството ќе трае во период од максимум 9 месеци според подготвен опис на надлежности и временска динамика, кои што дополнително ќе бидат одредени, во регионот на Елбасан и Полошкиот регион, за приближно 60 мали и средни претпријатија (по приближно 30 во секој од регионите во Македонија и Албанија)
Проектот треба да создаде база од неколку ментори со вештини и знаења идентификувани како потребни за време на консултативниот процес во почетниот период:
- Поддршка за брендирање (анг. Branding) на бизнисот/продуктите/услугите на членовите на СТЕП (ресторани, хотели, хостели, сопственици на викендички, и други туристички субјекти), за да ги зголемите придобивките
- Поддршка за употреба на маркетинг алатки (со фокус на онлајн маркетинг) за туристичките ентитети, за да се повидливи на интернет и на домашните и странските пазари
- Градење на претриемачки вештини
- Комуникација, гостопримство (анг. Hospitality) и односи со клиентот
- Онлајн служба за корисници, е-комуникација со заинтересираните страни
Целта на овие ментори е да се обезбеди практично искуство за членовите на мрежата STEP и други туристички приватни и јавни субјекти вклучени во процесот на градење капацитети. Тие ќе бидат постојано советувани и помогнати според однапред предвидена динамика, обезбедување на неопходни информации и совети за конкретни прашања поврзани со зајакнување на туризмот во преку-граничниот регион и унапредување на целите на СТЕП. Сите партнери во проектот ќе бидат на располагање на тренерите за времетраењето на Акцијата.
На повикот може да учествуваат правни лица – консултантски куќи и невладини организации, како и поединци, со искуство од петте тематските области погоре, кое ќе го демонстрираат со портфолио на досегашни сродни активности, како дел од нивното CV.
Кандидатите треба да имаат ВСС во областа на економија, бизнис, менаџмент, туризам, ИКТ, комуникации и слична спрема кои ќе кореспондираат со тематските области, како и повеќе од три години работно искуство во тематските области за кои што ќе се пријавуваат. Познавањето на албанскиот јазик се смета за предност. Дополнително, искуство во областа на туризмот ќе се смета како предност.
Секоја понуда треба да содржи CV-а на предвидените ментори, и кои области сте спремни да ги покривате (ако е компанија, CV-a на повеќе ментори , со посочување на областите кои ќе ги покриваат менторите соодветно).
Рок за поднесување на понудите е 24 декември 2018 година во 14 часот, исклучиво по е-пошта на адресата florent@metamorphosis.org.mk.
Само потесен круг на избрани потенцијални кандидати за ментори ќе бидат контактирани индивидуално, за подетално информирање за можните насоки на делување.
За дополнителни информации и консултации може да се обратите на проектниот координатор Флорент Бајрами, преку е-маил, или телефон 075 222 144.
Проектот е финанциран од Програмата за меѓугранична соработка на Европската Унија.