На 20 јуни како дел од утринската емисија на Алсат ТВ, гостуваше Флорен Бајрами – проект координаторот на СТЕП проектот. За време на интервјуто г.Бајрами во својот настап ја информираше јавноста околу одржувањето на пограничниот настан со наслов „Градење на заедничка иднина – Creating a common future“ во организација на 9 проекти имплементирани од страна на 30 граѓански организации, корисници на грантови од Програмата за прекуграничен развој помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија финансирана од страна на Европската Унија.