На 28ми и 29ти март 2019, во Грамш, регион Елбасан, во рамките на „СТЕП – проект за зајакнување на иновативен туризам” се одржа втората дводневна работилница за креирање на заеднички туристички пакети во регионите Полог и Елбасан.
На втората работилница присуствуваа повеќе од 50 субјекти што се занимаваат со туристички дејности, туристички агенции, хотели, хостели, ресторани но и лица кои поседуваат сопствени сместувачки капацитети во двата погранични региона.
Оваа работилница беше фокусирана на преструктуирање на пакетите според презентираниот стандард на СТЕП програмата од страна на Флорент Бајрами – координатор на проектот СТЕП, како и дополнување со потребните дополнителни информации.
Четири одделни групи работеа на понатамошно развивање на конкретните содржини на различни туристички пакети како што се:
1. Рурален туризам и екологија – „Традицијата на Елбасан и Полог“
– Потенцијалните активности вклучуваат производство на маслиново масло, посета на повеќе пештери, бањи и други природни и културни знаменитости во регионот Елбасан како што се кањонот на Холта, бањите на Елбасан, дегустација на локални вина, како и посета на повеќе села, прошетка со коњи, и посета на културни и природни знаменитости во регионот Полог како што се Попова Шапка, Шарена Џамија, селото Јанче и манастирот Јован Бигорски.
2. Историја и култура – „До Jадран преку Шкумбин”
– Посета на повеќе културолошко-историски знаменитости како што се Старата Чаршија, кањонот на Матка, Попова Шапка, Шарена Џамија, Саат кулата, изворот на Вардар (Вруток), како и посета на гробиштата во Селце, делови од Виа Егнатиа, Калето и Саат кулата во Пеќин, реката Шкумбин и други. Фокусот на овој пакет е да се промовира богатата историја и култура на Албанија и Република Северна Македонија, со особен акцент на регионите Елбасан и Полог.
3. Авантура – „Зелен појас на Република Северна Македонија – Албанија“
– Фокусот на оваа тура е да се привлечат авантуристи коишто сакаат малку повозбудлива туристичка понуда. Тука се вклучуваат активности како посета на Матка со кајакарење, искачување на Титов Врв, како и mountain bike тура околу Мавровско езеро во Северна Македонија. Во регионот Елбасан активностите вклучуваат посета на националниот парк Шебеник-Јабланица, астротуризам со набљудување на ѕвезди на планината Калкан со преспивање во шатори, како и посета на долината Рајце Скендербег која е заштитена од УНЕСКО.
4. Храна и пијалок (гастрономија) – „Да се храниме на традиционален начин“
– Oвој пакет има за цел да ги запознае туристите со деликатесите на регионите Елбасан и Полог, а дел од активностите се: посета на бањите во Елбасан, традицонален ручек во Ѓинар и вечера со традицонална музика, Kitchen Show во село Јанче со локални деликатеси, посета на Бегова Куќа и Саат Кулата во Гостивар, како и мала работилница за подготовка на традицонални јадења.
Вториот ден од работилницата имаше за цел да ги конректизира сите пакети со лица и субјекти коишто би ги работеле туристичките пакети, со листа на специфични активности кои би можеле да бидат дел од комерцијалната понуда на овие меѓудржавни пакети, кои понатамошно би биле промовирани на специјализираната дигитална платформата на членовите на СТЕП-iTOP.