На 16 септември во регионот Елбасан, се одржаа интереси спортски и културни активности кои беа организирани од страна на супгрантистите на проектот СТЕП. На отворено во Белш се одржа велосипедска трка а додека во езерото Сеферан се одржа трка со кајаци. “Педало во Белш“ еден од нашите субгрантисти на победниците на велосипедскиот натпревар им подели прикладни награди, додека еден од членките на СТЕП мрежата, “Аротуризам Паја“ ги обезбеди наградите за победниците во кајакарската трка. Пријатното септемвриско време привлече голем број на посетители од регионот, исто така имаше доста гости од Северна Македонија кои се дел од СТЕП мрежата.

По завршувањето на натпреварот дел од групата се упати кон фабриката за маслиново масло каде што сопственикот Ервис Чапја, член на СТЕП, детално го опиша процесот на производство на маслиново масло. Прекуграничната соработка е доста развиена во овој дел со оглед на тоа што добар дел од хотелите и рестораните во Полог кои припаѓаат на СТЕП мрежата од недамна се снабдуваат со маслиново масло од овој производител.

Делот од вечерта беше резервиран за свеченото отворање на Музејот, кај Софра е Шпатит во Ѓинар, каде што историчар детално ја објасни историјата на музејот, и придружните елементи, а потоа следеше културно-уметничка програма, со работна вечера. Како дел од работната вечера, беше презентирана функционалноста на  туристичката платформа itop.mk/itop.al  и можностите за соработка, а потоа беа потпишани повеќе меморандуми за соработка. Вториот ден продолжи со неформална соработка и потпишување на меморандуми, тридневниот настан завршува со работни состаноци  и посета на Тетово.