Заев: Инвеститори од Катар се интересираат за Попова Шапка, не сакаме да се откажеме од овој туристички центар
Одговарајќи на прашање на „Порталб.мк“, премиерот Зоран Заев ги откри дел од државите што моментално се интересираат за целосно или делумно купување на Попова Шапка. „Се работи за сериозни инвеститори од Катар, Австрија, Италија и Швајцарија“, вели тој. Според него, најдобро ќе беше државата да не се откаже целосно од овој туристички центар. Цивилното општество апелира идниот инвеститор да биде внимателно избран, пишува „Порталб.мк“.
Сѐ уште не е познато дали Попова Шапка ќе се приватизира целосно или делумно. Сепак, премиерот Заев претпочита овој туристички центар да биде во партнерство со некој приватен инвеститор, бидејќи како што истакна тој, државата не троши туку само добива на овој начин.
„Физибилити студијата ни дава за право да пристапиме кон целосно јавно приватно партнерство. Јас би оставил државата да биде партнер. Во првите заложби се обидуваме да одиме со јавно приватно партнерство, и гледаме дека има интерес, досега десет поголеми европски компании изразија интерес, ова ни дава за право да продолжиме со јавното приватно партнерство. Бидејќи, за државата останува трајната вредност, не вложуваме државни пари, а добивката е сериозна“ рече Заев.
За прв пат, премиерот спомна конкретни држави што се интересираат за целосно или делумно купување на овој туристички центар. Тој спомена дека земјата бара порационален партнер за управување со Попова Шапка.
„Во преговори сме со сериозен инвеститор, ви кажувам, тука има од Катар, со сериозни намери да инвестираат во овој туристички центар, има интерес и од инвеститори од Швајцарија, Италија, Германија и Австрија. Јас верувам дека ќе се најдат сериозни инвеститори да го развијат овој прекрасен потенцијал за државата“ додаде премиерот Заев.
Како би функционирало ова во пракса?
Премиерот спомна неколку од богатствата на државата што би можело да му ги понуди на приватниот партнер, на овој начин да се генерира и процентот што му припаѓа на државата. Тој смета дека државата не треба целосно да се откаже од овој туристички центар.
„Државата на пример може да ги понуди хотелите, жичарите, локацијата, концесиите а приватниот партнер нека вложува пари, со бизнис план ќе ја определиме вредноста на сето ова, и така да се утврди и процентот на државата. Добро е кога државата е партнер на приватниот инвеститор, бидејќи ова му дава моќ и важност на државата во целиот проект, затоа јас повеќе сум за јавно приватно партнерство“ истакна премиерот Заев.
Меѓутоа, Заев не ја исклучи ниту можноста за приватизација на Попова Шапка, во случај да не успее партнерството, тогаш државата ќе биде принудена целосно да ги продаде богатствата на овој туристички центар.
Влада на РСМ: Ќе биде објавен јавниот повик во текот на идната година
„Подготвени сме во текот на следната година да го објавиме јавниот повик за целосно приватизирање на туристичкиот центар Попова Шапка или за јавно приватно партнерство. Угостителските објекти во Попова Шапка кои се управувани од ЕЛЕМ Турс, согласно физибилити студијата, ќе бидат понудени за непосредна приватизација“ рече портпаролот на Владата, Душко Арсовски на 15 декември.
Иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“: Идниот инвеститор да се избере внимателно
Арменд Лута од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ спомена неколку од условите што треба да ги исполни потенцијалната компанија кој во иднина би управувала со Попова Шапка. Тој апелираше државата внимателно да го направи изборот.
„Нашиот став е јасен и концизен: Идниот инвеститор треба да биде сериозен и да има најмалку 20 години искуство и позитивни референции за управување со други слични центри при што покажал успех како и туристички и економски развој во соодветната земја. Нема да дозволиме во ниту еден момент, Попова Шапка да стане игра на политички пазари и во ниту еден момент нема да дозволиме инсталирање на нов „ЕЛЕМ“ што ќе продолжи со понатамошното уништување на овој туристички центар. Затоа ќе бараме од соодветните власти да ги објават сите детали за условите и начинот на спроведување на договорот со новиот изведувач со цел да се следи секој чекор да не се воспостави нов уништувач во Попова Шапка“, додаде Арменд Лута.
Дали ви одговара целосно или делумно приватизирање на бизнисите во Попова Шапка?
Александар Кузмановски од Здружението на угостители на Северна Македонија последново го процени како добра идеја, и истакна дека е време неискористениот потенцијал на Попова Шапка да се врати во функција.
„Сметаме дека ова е добра идеја. Во суштина секоја идеја содржи нови добри можности. Не слушнавме како ќе се продаде Попова Шапка, меѓутоа сметаме дека како решение е добро бидејќи таму не се случува ништо со години, се изгубија многу работни места. Попова Шапка има потенцијал што заслужува да се искористи“ рече Александар Кузмановски од Здружението на угостители на Северна Македонија.
Граѓанин кој во текот на зимската сезона издава вили во Попова Шапка, а го контактиравме преку една реклама на „Фејсбук“, за „Порталб.мк“ рече дека ја изгубиле довербата во управувањето на државата со овој центар и затоа секој странски инвеститор е добредојден.
„Ние сме ја изгубиле надежта или довербата дека државата може да инвестира или да направи нешто добро за Попова Шапка. Некогаш звучи болно фактот што продаваме нешто наше, меѓутоа, многу подобро некој странец и да управува добро отколку да е некој наш а да уништува“, рече тој.
Инаку, на 16 декември за прв пат оваа зима се пуштија во употреба жичарите „Св. Илија“ и „Церипашана“ и ски-лифтовите „Аеродром“ и „Ге“, поради тоа што претходно се работело на подготовка на терените. Жичарата со шест седишта што беше пуштена во употреба во февруари 2020 година, не е ставена во функција во овој зимски период.
Текстот е преземен од Мета.мк
Гостивар, Маврово и Попова Шапка стануваат ПИП Центри за туристички развој
Во Гостивар, Маврово и Попова Шапка ќе се стават во функција ПИП (паметни, инфо и промо) центр
и за туристички развој. За нивно опремување се вложени 6.437.054 денари (104.000 евра) во рамки на Полошкиот плански регион, а со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка. Тие треба да овозможат полесен пристап до информации и развој на туризмот во овој регион, зголемување на вработувањата како и инвестициите, соопштија од Министерството за локална самоуправа.
„Трите нови вмрежени ПИП Центри што ќе бидат во функција во Гостивар, Маврово и Попова Шапка ќе работат и нудат услуги засновани на централна дигитална платформа, базирана на стандардизирани работни процеси и ќе собираат податоци за однесувањето и преференциите на туристите, трансформирајќи ги во информации и знаење за ефикасно опслужување“, појасни министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.
Според него, најуспешен начин за подобрување на туристичката понуда е директна, лице-в-лице комуникација со туристите, а тоа е можно и преку дигитална платформа за размена на податоци во реално време за посетителите на туристичкото место. Проектот директно засега околу 176 илјади граѓани од овој регион.
„Трите ПИП центри се поврзуваат со дигитална платформа која ќе биде ажурирана со најнови податоци за туристички, авантуристички, угостителски, хотелски, музејски и сличен вид на податоци, придружени со маркетинг и промотивни материјали, како и обуки за опслужување, односи и комуникација на службениците кои ќе бидат вработени во центрите“, рече Милевски.
Тој рече и дека со овој проект ќе се зголеми бројот на инвестиции преку стартап иницијативи за околу 6 проценти од вкупната туристичка понуда, ќе се зголеми вработеноста во регионот за 1 до 2 процента во првите 18 месеци, како и бројот на туристи до 12 проценти.
SharOutdoors – Adventures in Macedonia and the Balkans – Ве очекува
Фотографијата е преземена од официјаниот сајт на SharOutdoors – Adventures in Macedonia and the Balkans
За престојната скијачка сезона ве покануваме да го посетите официјалниот сајт на SharOutdoors – Adventures in Macedonia and the Balkans и да резервирате на време. Побрзајте местата се ограничени.
За SharOutdoors – Adventures in Macedonia and the Balkans кратко инфо:
Доколку вашиот следен празник вклучува откривање на нови планини, скијање, ски-туризам, аикидо, сплит-борд, планински велосипедизам, планинарење, качување по карпи на недопрени и уникатни места, доживејте природност на регионот и големо гостопримство, една од нашите авантури во Македонија за сигурно треба да бидете на вашата следна дестинација. Исполнет со планини, реки и езера, тоа е совршена дестинација за луѓето кои се гладни за нови авантури на отворено. Вашиот одмор на Балканот никогаш повеќе нема да биде ист откако ќе ги искусите скриените богатства на Македонија.
Бектеши: Стартува реализацијата на петте мерки за помош на угостителско-туристичкиот сектор
Започнува остварувањето на петте мерки за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор, според кои, до крајот на годината ќе бидат исплатени вкупно 7,5 милиони евра државна помош, најави на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши и потсети дека главната цел е ревитализирање на економијата во услови на ковид-19.
„Почнуваме со реализација на пет мерки кои се директна поддршка за туристичките и угостителските работници, во консултација со приватниот сектор. За реализација на сите 5 мерки Министерството за економија со Ребалансот на Буџетот има обезбедено средства во износ од 459.650.000 денари, односно 7,5 милиони евра, рокот на аплицирање за овие пет мерки е 27 ноември, а финансиската поддршка ќе биде исплатена до крајот на годината“, изјави Бектеши.
Првата мерка е за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти. Износот на средствата од буџетот е 120.000.000 денари.
Втората се грантови за туристички агенции. Износот кој ќе биде доделен е во зависност од остварениот вкупен приход во 2019 година, од бројот на вработените и од типот на лиценцата за работа, а ќе изнесува најмногу до 180.000 денари за Б лиценца и најмногу до 430.000 денари за А лиценца. Вкупниот износ на средства за оваа мерка е 116.850.000 денари.
Третата е за грантови за категоризирани ресторани за свадби кои со одлука на Владата за време на кризата беа затворени. Со оваа мерката се предвидуваат грантови за категоризирани ресторани кои имаа пад во нивните приходи од над 75 отсто, односно кои организираат свечености, свадби и настани, а поради пандемијата беа ограничени да вршат дејност. Износот на средства е во зависност од остварениот вкупен приход во 2019 година, бројот на вработени и видот на решението за категоризација, а ќе изнесува од 180.000 до 600.000 денари. Вкупниот износ на средства за оваа мерка предвиден во буџетот е 60.000.000 денари.
Четвртата мерка се грантови за игротеки, според вкупниот приход на субјектот во претходната година, а грантот ќе изнесува од 90.000 до 300.000 денари. Вкупниот износ на средства за оваа мерка е 153.000.000 денари.
И петтата мерка се грантови за лиценцирани туристички водичи, со која е предвиден грант во износ од 3 просечни плати односно по 65.000 денари за секој туристички водич, кој поради ковид кризата не можеше да ја обавува дејноста. Вкупниот износ на средства за оваа мерка предвиден во буџетот е 9.800.000 денари.
Министерството за економија информира дека реализацијата на мерките ќе ја спроведува преку платформата www.domasiedoma.gov.mk или www.pushimenevend.gov.mk на која ќе можат да се поднесат барањата и потребната документација. А, за потврда на веродостојноста на податоците, ќе се врши проверка од надлежни институции.
„Очекувам максимално искористување на мерките и постигнување на посакуваните ефекти, а тоа се задржување на работните места и помош за компаниите за опоравување од последиците со пандемијата. Ги повикувам сите туристички работници и угостители да аплицираат, а Министерството за економија веднаш ќе ги обработи апликациите, се со цел средствата да бидат навремено исплатени“, рече Бектеши.
Тој потсети дека тече мерката за конфинансирање на трошоците на занаетчиите и вршители на занаетчиска дејност, на 60 отсто од докажани трошоци, но не повеќе од 60.000 денари направени за набавка на алати и репроматеријали. За тоа се предвидени средства со вкупен износ од 20.000.000 денари, а ќе бидат кофинансирани докажаните трошоци за набавки направени во 2020 година. Изборот на апликантите ќе се прави по принципот „прв дојден, прв услужен“, а крајниот рок за аплицирање по овој јавен повик е исто така, до 27 ноември годинава.
Текстот е преземен од Мета.мк
Туристичко-угостителскиот сектор ќе добие 7,5 милиони евра за покривање на загубите од ковид-19
Туристичко-угостителскиот сектор кој трпи значителни штети од ковид кризата ќе добие од државната каса финансиска поддршка од 7,5 милиони евра до крајот на годината, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. За таа цел, на почетокот на наредната недела Министерството за економија ќе објави пет јавни повици коишто произлегуваат од мерките за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор, а се предвидени во четвртиот сет владини мерки.
До крајот на месецот ќе може електронски да аплицираат на платформата „Дома си е дома“ сите туристички агенции, игротеки, туристички водичи, ресторани што организираат свадби и други правни лица од угостителскиот сектор, а Министерството ќе ги обработува апликациите веднаш, со цел за побрза исплата на средствата.
Ова беше кажано на денешниот работен состанок на министерот за Бектеши со претставници на туристичко-угостителскиот сектор. Како што соопштија од Министерството за економија, Бектеши посочил дека со четвртиот сет мерки, со директна финансиска поддршка, преку грантови, се опфатени рестораните, игротеките, лиценцираните туристички агенции и туристички водичи, а е предвидено и враќање на туристичката такса за 2019 година за туристичките објекти.
„Преку директна финансиска поддршка ќе им помогнеме на сите туристички работници и угостители кои како резултат на пандемијата имаа најголеми загуби. Вкупната финансиска поддршка изнесува 459.650.000 денари или 7,5 милиони евра, а овие средства ќе се исплатат директно до туристичко-угостителскиот сектор до крајот на годината, односно во периодот ноември и декември. За мерката-грантови за ресторани се предвидени 60 милиони денари, за игротеки, 153 милиони денари, за грантови за лиценцирани туристички агенции се предвидени 116.850.000 денари, за туристички водичи 9,8 милиони денари, додека за поврат на уплатената туристичка такса за 2019 година се предвидени средства во висина од 120 милиони денари“, информираше министерот Бектеши.
Инаку, според последните податоци од Државниот завод за статистика, од јануари до септември 2020 година, во однос на истиот период лани, вкупниот број на домашни и на странски туристи е намален за 60,4 отсто, при што кај домашните има намалување за 20,7 отсто, а кај странските за 83,8 отсто.
Бројот на туристите во септември 2020 година изнесувал 44.313, а на ноќевањата 117.118. Притоа, туристи имало за 63,9 отсто помалку од истиот месец лани, а ноќевања за 57,5 отсто помалку. Домашни туристи во септември годинава, во однос на септември 2019 година, имало повеќе за 33,7 отсто, а бројот на странските туристи е намален за 92,3 отсто, додека странците оствариле и за 90,9 отсто помалку ноќевања во споредба со септември минатата година.
Ваучерите за домашен туризам го ублажија падот на бројот на туристи во август во земјава
Доделените ваучери за домашен туризам од владата ја спасија туристичката сезона во земјава. Бројот на туристите во август 2020 г. бил намален за 38 отсто, а бројот на ноќевања опаднал за 24 отсто во споредба со идентичниот период лани. Сепак, домашните туристи во август биле побројни за 9 отсто во однос на истиот месец од минатата година, а оствариле и за 1,1 отсто повеќе ноќевања во однос на август 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
За разлика од нив, многу лоши податоци има за странските туристи, кои во август 2020 година биле намалени за дури 93 отсто, а бројот на нивни ноќевања опаднал за 91 отсто во споредба со истиот период од 2019 година. Од овие резултати, може да се заклучи дека ваучерите за домашен туризам сепак многу ќе му помогнат на туристичкиот сектор за да ги пополни испразнетите капацитети поради ковид-19 пандемијата.
Инаку, ваучерите што им беа поделени на 117.122 граѓани со ниски приходи можат да се искористат во домашните сместувачки капацитети и угостителските објекти до 15 декември годинава. Покрај можноста овие граѓани да добијат бесплатен одмор на товар на државниот буџет, овој владин потег треба да ги ублажи штетите во туристичкиот сектор поради отсуството на странски гости.
Статистичките податоци покажуваат дека во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 60 отсто, додека бројот на ноќевањата опаднал за 45 отсто.
Текстот е преземен од Мета.мк
Промовирана Монументал МК – нова туристичка рута за споменици и бруталистичка архитектура
По повод прославувањето на Денот на народното востание – 11 Октомври, Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ денеска ја промовираше Монументал МК – нова туристичка рута за споменици и бруталистичка архитектура. Станува збор нов туристички водич и бесплатна мобилна апликација на пет јазици, вебсајт и промотивни сувенири. Оваа тура опфаќа 30 локации во Скопје и другите градови сместени покрај автопатот А1, коишто ги прави идеално место за попатни паузи.
Претставникот на проектот, Мишо Докмановиќ потенцираше дека Монументал МК е инспирирана од зголемениот интерес на странските туристи за заборавеното споменично и архитектонско наследство од социјалистичкиот период. Главната цел на проектот е да се поттикне локалниот развој преку мапирање на локации и развој на нова и автентична тура која домашните и странските туристи ќе можат да ги искусат преку користење на нови иновативни алатки за туристичка промоција. Најголем дел од локациите се на отворено, а домашните и странските туристи може да ги посетат и во услови на пандемија.
Извршната директорка на Стопанската комора за туризам, Биљана Пејоска Ристеска, нагласи дека станува збор за исклучително креативен и оригинал проект и рута која носи додадена вредност на туристичката понуда на земјата.
Овој настан се реализираше во рамките на проектот „Споменици и бруталистичка архитектура во Северна Македонија: Поттикнување на туристичката промоција за поддршка на локалниот развој“ и е имплементиран од страна на ИСИЕ. Проектот е финансиран од грант на Проектот за развој и промоција на туризмот на Регионалниот совет за соработка и Европската Унија во обид да се придонесе за растот и конкуренцијата на шест економии од Западниот Балкан преку поддршка за развој и промоција на заедничката регионална, културна и алтернативна понуда.
Текстот е преземен од Мета.мк
Работна средба на г. Бајрами проект координатор на Проектот за зајакнување на иновативен туризам-СТЕП со Вицепремиерот за економски прашања г. Битиќи
Денес се одржа работна средба помеѓу г. Флорент Бајрами – Проект координаторот на проектот СТЕП и г. Фатмир Битиќи – Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции. На средбата на г. Битиќи му беа лично предадени препораките на проектот СТЕП кои се однесуваат на надминување на предизвиците со кои се соочуваат туристичките работници во двата региони, со цел подобрување на прекуграничната туристичка соработка. Исто така беше запознаен и со постигнатите резултати на проектот СТЕП.
Вицепремиерот за економски прашања г. Битиќи истакна дека тој и претходно бил запознаен со работата на проектот СТЕП и ги пофали досегашните резултати, и спомна дека во иднина ќе се залага дел од препораките да бидат земени во предвид што се однесува на развој на регионот Полог и прекуграничната соработка.
Финална презентација на резултатите на СТЕП проектот како и панел дискусија врзана за препораките кои произлегоа од проектот
На 30 септември се одржа финалната презентација на проектот СТЕП на која беа презентирани резултатите на проектот а потоа следеше панел дискусија на која се дебатираше на тема “Препораки на проектот СТЕП за надминување на предизвиците за подобрување на туристичката прекугранична соработка помеѓу регионите Полог и Елбасан “. Настанот се одржа online а на него присуствуваа 88 учесници. Покрај членките на СТЕП мрежата од двата региони, учествуваа и официјални претставници од општините, Агенција за поддршка на туризмот од РСМ, претставници од туристичките комори од двете земји и други државни институции кои се врзани со туризмот и работењето на турстичките работници.
На почетокот од конференцијата поздравен говор одржаа Бардил Јашари – Извршен Директор на Метаморфозис Фондација, Фрејк Јанмат, Советник, Раководител на Секторот за Економски прашања, градење институции, прекугранична соработка, Европска Унија, Делегација на Европска Унија, Фатмир Саити – Директор на Центар за развој на Полошкиот плански регион, Букорош Стафа – Директор на Советот на округот Елбасан како и Хасан Дражи – Член на советодавниот одбор на СТЕП.
Веднаш после поздравните говори, Флорент Бајрами – Проект координатор на СТЕП ги презентираше постигнатите резултати на проектот.
По завршувањето на официјаниот дел следеше панел дискусијата која се однесуваше на препораките на проектот СТЕП а посебен осврт на темата дадоа спикерите Билјана Пејоска Ристеска – Извршен директор на Стопанската Комора за туризам на Македонија, Дарко Булдиоски – консултант за дигитални комуникции. основач и директор на NewMediaMK, Фатмир Саити –Директор на Центар за развој на Полошкиот плански регион, Матилда Нацо – Андони – Извршен Директор на Туристичката Асоцијација на Албанија како и Алберт Калеци – Администратор на локалната единица Стеблево. За крај следеа прашања и одговори.
Проектот СТЕП траеше 2 години и 9 месеци и е договор за грант на ИПА 2, Прекугранична соработка: Република Северна Македонија – Република Албанија, алокации 2014- 2015. Проект партнери се Метаморфозис – Фондација за Интернет и општество, Центар за развој на Полошкиот плански регион и Советот на Округот Елбасан.
Дел од настан може да го погледнете на следниов линк:
https://www.facebook.com/SSTEPMP/videos/336164567693225/
Финална презентација на резултатите на проектот СТЕП
Фондација Метаморфозис заедно со проектните партнери Центар за развој на Полошкиот плански регион и Советот на Округот Елбасан, на 30 септември со почеток од 11.00 часот организираат финална презентација на резултатите на Проектот за зајакнување на иновативен туризам СТЕП како и отворена дебата на тема “ Препораки на проектот СТЕП за надминување на предизвиците за подобрување на туристичката прекугранична соработка помеѓу регионите Полог и Елбасан“. Настанот ќе биде online преку платформата ZOOM.
Сите заинтересирани учесници можат да се вклучат на следниот линк:
https://techsoupglobal.zoom.us/j/97869254114?pwd=UkJvRFhJdmFLVDJlNjQyb2tPVklWUT09
Проектот за зајакнување на иновативен туризам СТЕП е финансиран со средства од Европската Унија.