На 4 септември во ресторан “Гарден Електра “ Брценица на отворено се одржа финалната презентација на СТЕП проектот и се доделија сертификатите на членките на СТЕП мрежата. На почетокот од настанот проект координаторот Флорент Бајрами направи краток осврт за сите активности кои беа дел од проектот СТЕП. Потоа ги запозна членките со финалните резултатите од проектот кој трае околу две и пол години. На крај средбата беше фокусирана кон формализација на мрежата.
Врз основа на претходно поставени критериуми од страна на СТЕП тимот, членките кои ги исполнуваа зададените критериуми добија Сертификати за усогласеност. Како дел од критериумите а добивање на сертификат се: туристичкиот капацитет да е легален, да ги задоволува одредени санитарни услови, персоналот да има основни познавања на англиски јазик, за промоција на капацитетите да користат дигитален маркетинг итн.