Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Тимот на СТЕП како дел од пограничниот настан ‘’Градење на заедничка иднина’’

10/07/2019 @ 08:00 - 17:00 UTC+2

На 10 јули 2019 год. во Охрид се одржа пограничниот настан  „Градење на заедничка иднина – Creating a common future“ во организација на 9 проекти имплементирани од страна на 30 граѓански организации, корисници на грантови од Програмата за прекуграничен развој помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија финансирана од страна на Европската Унија. Настанот се одржа со поддршка од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Делегацијата на Европската Унија во Република Албанија, Министерствата за локална самоуправа на двете земји и Министерство за Европа и надворешни работи на Република Албанија. Целта на настанот e покренување на дискусија и разгледување на можностите за развојот на туризмот и соработката во прекуграничната област меѓу Република Северна Македонија и Албанија и промовирање на резултатите на 9 проекти кои се дел од Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија. СТЕП како дел од 9 проекти ќе биде дел од јавниот саем на кој ќе има свој штанд со промотивни материјали, така што сите заинтересирани граѓани ќе имаат прилика да се запознаат со досегашните активности и идните планови на проектот

 

Details

Date:
10/07/2019
Time:
08:00 - 17:00 UTC+2