Универзитет “А. Џувани”

,
Универзитет “А. Џувани”

 

Име Универзитет “А. Џувани”
Адреса
Вид на субјект Институција за образование и култура
Категорија Универзитет
Лице за контакт
Контакт мејл info@uniel.edu.al
Контакт телефон +355 54 52593
Веб страна https://uniel.ems.al
Опис на основни активности Добредојдовте на универзитетот Александар Џувани во Елбасан, универзитет со традиција во формирање на педагошки кадар. Нашиот универзитет е една од најзначајните образовни и научни институции во Албанија. Ние сме Универзитетот кој се стреми да постигнеме вистински и вредносни резултати во разни области на човековата активност, кои одговараат на различните гранки кои можат да се изучуваат на овој универзитет во областите на производство, наука, настава, култура, уметност, литература. Ние се грижиме нашите студенти  да бидат промотори на нашите вредности. Ова дело и оваа традиција е задача што ни ја оставија нашите претходници, дел од историјата на оваа институција и придонес на сите актери на Универзитетот, наставен кадар, поддржувачи и студенти. Универзитетот денес е дел од просперитетна интелектуална, образовна и културна средина на градот Елбасан, град познат по своите различни вредности. Нашиот универзитет денес е “лулка” на многу личности од културата, науката, општествениот и политичкиот живот. Ние сме Универзитет со вековна историја, но имаме нова историја од речиси четири децении, историја на извонредни постигнувања во многу области на наставниот и истражувачкиот процес. Универзитетот постојано инавестира во проширување на просторните капацитети и универзитетските средини, континуирано подобрување на инфраструктурата, зголемен квалитет на наставните програми и истражувачки процеси, заедно со зголемен проток на големи барања за присуство на нашите студии на Универзитетот. Горди сме што можеме да кажеме дека нашата модерна инфраструктура и огромниот простор како и квалитетниот наставнички кадар се “примамлива” покана за секој млад човек кој сака да започне кариера во полето на стручното образование. Ние веруваме дека најдобриот избор на студиската програма и соодветниот начин на стекнување знаење се клучни за успешна и конкурентна кариера во иднина.
Facebook https://www.facebook.com/Universiteti-Aleksander-Xhuvani-Elbasan-Faqja-Zyrtare-764665406996189/

 

Галерија