Општина Тетово

 

Име Општина Тетово
Адреса Дервиш Цара пн, 1200 Тетово, Република Северна Македонија
Вид на субјект Локална Единица
Категорија Локална Единица
Лице за контакт Идриз Шаќири
Контакт мејл idriz.sh@gmail.com
Контакт телефон +38970884736
Веб страна http://www.tetovo.gov.mk/
Опис на основни активности Првите записи за постоењето на Тетово како населено место датираат од античкиот период, со античко име ЕНЕА. Според расположивите податоци со кои располагаме, Полошката котлина некогаш била езеро. Овие податоци се потпират на археолошките пронајдоци на Балтепе, каде се наоѓа висорамнина и карпи од езерото со надморска височина од 770 m. Според турски документирани податоци, Тетово во  XIV век е третирано како село во Полошка котлина. Во  XV век Тетово се споменува како центар на местото Кавуф од Мехмет Бег во 1436 година, каде се вели дека во Тетово имало многу дуќани и работилници како и новоизградени населби. Според Мехмет Беќир Ќелебиу (1470) Тетово почнува да заличува на град.

Со доаѓањето на Турците во овој регион, Тетово постојано се развива, а во меѓувреме во текот на тој период се градат културно-историски објекти како што се Шарена Џамија, Арабати Баба Теќе, Православниот Храм „Св.Кирил и Методиј„ Стариот Амам, Тетовско Кале, други џамии и цркви, камениот мост на река Пена и др.

Во текот на тој период исто така започнува и промена на архитектурата на објектите кои постепено добиваат ориентален изглед. Во 1689 година, Тетово се именува како град. Во Тетово има и цркви, кои зависно од временскиот период на кој и припаѓаат, имаат посебни историски вредности.

Во изминатите временски периоди може да се спомене библиотеката кај Теќето Арабати ( XVIII-XIX) век, бидејќи тука е развиена културата и образованието напоредно со исламот. Во ова библиотека се копирани дела од интелектуалци со избрана калиографија, кој потоа се украсени со орнаменти и завиткани со кожа.

Интензивениот развој на Тетово започнува во вториот дел од XIX век до Балканските војни кога Тетово станува занаетчиски и трговски центар.

По Балканските војни, целиот Балкан  се наоѓа во криза, така што и развојот на Тетово како град стагнира. Особено по Втората светска војна доаѓа до интензивен развој на целиот регион како и на Тетово како град.

Facebook https://www.facebook.com/komunaofficial/

 

Галерија