НВО ИРЗ

,
НВО ИРЗ

 

Име Институт за развој на заедницата
Адреса Маршал Тито бр.96, Тетово, Република Северна Македонија
Вид на субјект НВО
Категорија НВО
Лице за контакт Сретен Коцески
Контакт мејл info@irz.com.mk
Контакт телефон +389 (44) 340-677 /   +389 (70) 250-286
Веб страна http://www.irz.org.mk
Опис на основни активности
Институтот за развој на заедницата (ИРЗ) е одржлива граѓанска организација која работи на демократски интегрирано и мултиетничко општество преку зајакнување на капацитетите на поединци, организации и институции. Искуството на ИРЗ се базира на 20-годишно искуство работа во заедницата преку адресирање на потребите на граѓаните како и помош и поддршка при надминувањето на предизвиците. Како неформална група, здружението започна со работа кон крајот на 1994 година и со прва официјална регистрација од Министерството за внатрешни работи во 1996 година.
Визија на ИРЗ
Хармонично и мултиетничко општество на богати и образовани луѓе – општество без предрасуди.Мисија на ИРЗ
Здружението (ИРЗ) е одржлива граѓанска организација која работи на демократски интегрирано и мултиетничко општество преку зајакнување на капацитетите на поединци, организации и институции.

Географско подрачје на делување
Програмите на ИРЗ-Тетово се спроведуваат на територијата на Република Македонија но и во други земји. Во Р. Македонија, ИРЗ делува во повеќе од 50 општини во кои живее приближно две третини од вкупното население на Р. Македонија. Најголемиот дел од досегашните активности се спроведени во полошкиот регион. Здружението ИРЗ спроведува програмски активности и вон границите на Р. Македонија преку своите канцеларии и партнери во земјите на Југоисточна Европа, западноевропските земји, земјите од кавказкиот регион, Виетнам и САД.

Facebook https://www.facebook.com/irztetovo/

 

Галерија