Јоцо Пром – Панорама

,

 

Име Јоцо Пром – Панорама
Адреса Село Вруток
Вид на субјект Ресторан
Категорија Ресторан
Лице за контакт Јоцо Спасески
Контакт мејл  joccospaseski22@gmail.com
Контакт телефон +389 78 233 333
Веб страна http://restaurantpanorama.mk
Опис на основни активности

За нас готвењето е задоволство, услугата почит…!

Панорамски поглед, богата гастрономија и пријателска услуга. Ние секогаш го создаваме модерното од традиционалното…

Ресторант Панорама

Лоцирани во прекрасната околина во село Вруток, ние ја обезбедуваме најдобрата панорама на природата. Инспирирани од 1996 година, ние секогаш Ви обезбедуваме услуга, вкус и квалитет. Јоцо – Пром беше првата компанија која преку својата работа не втурна на континуирано инвестирање во овој бизнис. Најголемите заслуги и припаѓаат на Зоран Спасески, кој постојано и упорно работеше да го отвори ресторанот Панорама. Секогаш со изборот на највкусната храна, особено со подготвување на сите видови на риба, ние се стекнавме со искуство и авторитет со кои денес сме синоним за вкусна храна.

Почнавме со минимален капацитет, но секогаш со давање на максимумот во гастрономијата, ние успеавме да го зголемиме капацитетот на ресторантот до 30 маси (200 луѓе).

Услуги и производи

Додека се е во совршен ред, се одржувано врз основа на општиот вкус на клиентите, ние Ви нудиме услуга со искуство од странство. Простор исполнет со детали и стил. За разлика од другите ресторани, кај нас Вие ќе се послужите со љубов и почит.

За Вас ние ги избираме внимателно најдобрите производи. Ние сме познати за подготовка на секаков вид на риба и супериорни во подготовката на говедско месо. Овие производи секогаш може да се придружат со салати и предјадења сервирани со љубов. Голем дел на нашето мени се состои од збир на сите пијалаци, почнувајќи од безалкохолни пијалаци до најпознатите вина и алкохолни пијалаци. Сладоста на вашата посета кај нас ја зголемуваат десертите, кои се внимателно избрани за вас. Целата ова збирка на вкусови заедно со изворедната панорама, која се гледа од местото каде што сме лоцирани, се нуди само за вас за да ве убедиме дека ние сме единственото место каде ќе чуствувате потреба да се вратите пак.
Нашата цел е да ве услужиме и да ви ја понудиме најдобрата храна!
Панорама!

Facebook https://www.facebook.com/pages/Restorant-Panorama-Vrutok

 

Галерија

Skills

Posted on

16/11/2018