Hostel Kitka, and Hunting Lodge

,
Hostel Kitka, and Hunting Lodge

 

Име Hostel Kitka, and Hunting Lodge
Адреса Вратница, Тетово
Вид на субјект Хостел
Категорија Хостел
Лице за контакт Драгиша Јововски
Контакт мејл jovovski@hotmail.com
Контакт телефон 0038970603383
Веб страна
Опис на основни активности Хостелот е лоциран во село Вратница, и е на 750м надморска височина, северозападна Република Северна Македонија, на падините на Шар Планина. Тука ќе уживате во селската идила и прекрасниот поглед кон врвовите на Љуботен.

Хостелот нуди здрава и свежа храна од локални одгледувачи како и овошје, зеленчук, свежи јаца и мед од сопствената фарма, кои се еден од предусловите за нудење на вистински селски туризам.

Исто така по нарачка подготвуваме дивеч (дива свиња, дива коза и зајак).

Домашните колбаси од дива свиња се уникатен производ на Хантинг лодге, и можат да се вкусат само кај нас. Тие можат да се послужат со тетовското гравче кое е познато на широко како бренд на полошкиот регион, спремено во грне по рецептот на баба ми.

Имаме голем избор на сезонски салати и туршии, како дополнителен гарнир на главните јадења.

Хостелот нуди 6 соби, една еднокреветна, три двокреветни и две четворокреветни и една ВИП соба со брачен дрвен кревет, сопствено купатило со модерна када за масажа. Во пакетот на ноќевање е вклучен и доручекот во кој здолжително е вклучен познатиот љуботенски природен чај и домашни производи.

Во близина на хостелот се наоѓат неколку убави места за посета, како вратничкото езеро (на 1 км од хостелот на јужната страна). Во истиот правец, на 500 метри од хостелот, се наоѓа манастирот Св. Цар Константин и Елена, изграден врз темелите на старата црква.

За тие што сакаат пешачење во планина, на еден час движење се наоѓа мала планинарска куќа од отворен тип, која е на пола од правецот кон ливадичкото езеро на граница со Косово.

Вратница е исто така и почетна точка за маршутата кон врвот Љуботен.

Хостелот располага и со две теренски возила.

Инспирирани од потребите на туристите, комплексот од неодамна  ги нуди следниве туристички пакети:

  • Пакет за планински велосипедизам
  • Менторирање за пчеларство
  • Селски туризам (на пр. спиење во село, собирање костени, правење ајвар, печење ракија, и сл. активности)
Facebook https://www.facebook.com/Hostel-Kitka-Vratnica-1836512099962416/

 

Галерија