Еко Натура

,
Име Еко Натура
Адреса
Вид на субјект НВО
Категорија НВО
Лице за контакт Nexhbedin Halidi
Контакт мејл ekonatyra1@yahoo.com
Контакт телефон +38971363764
Веб страна http://www.ekonatyra.org/mk/
Опис на основни активности Еко Натура е невладино, неполитичко, непрофитабилно здружение кое има за цел да реализира програми кои го подржуваат развојот и заштитата на чиста животна средина. Ние сме група ентузијасти кои се незадоволни од состојбата во која се наоѓа „мајката природа„ и се трудиме преку нашата активност и работа на терен да внесеме промени во сегашната состојба на полето на животната средина.
Можеме со гордост да кажеме дека до сега имаме доволно позитивни резултати. Нашите активности се поддржни од голем дел од населението, особено од учениците и студентите , и тоа ние е поттик да се ангажираме уште повеќе.
Наши членови се:
Млади , студенти, наставници, професори, лекари, директори, министри, инженери, ветеринари, луѓе кои ги поврзува лубовта кон природата и желбата преку активности да му ја нагласат на обичниот човек важноста од чиста животна средина.
Единствен услов за да станеш наш партнер (член) е да ја сакаш природата од се срце.
Нашата куќа е отворена за добронамерните,искрените,внимателните,одговорните луѓе и за сите други кои се обидуват да станат такви.
Сите оние кои искрено ја сакаат природата и имаат идеја како да ја зачуваме ги повикуваме со следново мото:„Ве молиме придружете ни се“. Дојдете во природа! Да се капиме во кристална вода, да дишеме чист воздух, да го слушаме жуборот на водата, црцорењето на птиците и едноставно да ја доживееме земјата под нашите нозе.
Можете многу да ни помогнете со вашето присуство, со вашите совети, и со заедничкиот труд што ќе го вложиме во повторното оживување на природата, на планинските цвеќиња, на дрвјата, на ветерот….
Веруваме дека ќе постигнеме успех, бидејќи веруваме во природата
Facebook https://www.facebook.com/EkoNatyra/

 

Galeria

Skills

Posted on

16/11/2018