Центар за Развој на Полошки Плански Регион

,
Центар за Развој на Полошки Плански Регион

 

Име Центар за Развој на Полошки Плански Регион
Адреса Његошева бр. 2 Тетово 1200
Вид на субјект Јавна Институција
Категорија Јавна Институција
Лице за контакт Фатмир Хоча
Контакт мејл f.hoxha@rdcpolog.mk
Контакт телефон +38971261897
Веб страна https://rdcpolog.mk/
Опис на основни активности Полошкиот плански регион се наоѓа во северозападниот дел на Македонија, со површина од 2.416 км2. Ја опфаќа полошката долина, мавровското плато, планинскиот венец Бистра и долината на реката Радика. На државно ниво, полошкиот регион е еден од осумте региони, кој го сочинуваат следните девет општини: Тетово, Гостивар, Маврово и Ростуше, Желино, Теарце, Боговиње, Врапчиште, Јегуновце и Брвеница. На оваа територија има 184 населени места во кои живеат 304 125 жители. Од 304.125 граѓани 18,4% се Македонци, 73,2% Албанци, 5,7% Турци, 1,6% Роми, 0,01% Власи, 0,32% Срби, Бошњаци 0.08% и 0.66% се други националности. Регионот има големо природно и вештачко богатство. Полошкиот плански регион е богат со минерални суровини кои се наоѓаат низ неговата територија. Од големо економско значење се рударските депозитите на сивиот мермер во Гостивар и доломитите во Јегуновце и Чајле. Други руди и минерали присутни во регионот се: манган, молибден, бакар, арсен, олово, хром и мермер. Полошкиот плански регион е туристички бисер кој изобилува со природни убавини, историски и културни споменици. Туризмот како индустрија не е доволно развиен во полошкиот плански регион, но има многу неискористен потенцијал кој претставува можност за инвестиции а со негова експлоатација регионот може да стане една од најголемите туристички дестинации во земјата и во Европа. Веќе постоечките ски центри „Маврово“ и „Попова Шапка“ нудат можност за надградба на развојот на скијачкиот туризам и можност за промоција и посета на други природни убавини што ги поседува овој регион.
Facebook https://www.facebook.com/RdcPolog/

 

Галерија