Ве молиме најавете се!
Македонски English
  најави се | регистрирај се | опции | плати
 
 
 
.
 
Категории
 
 
 
 
  Правила и услови за продажба
Почитуван посетител на веб порталот www.step.mk , добродојде!

Пред да започнеш со регистрирање и купување производи од нашата електронска продавница би сакале внимателно да ги прочиташ условите и правилата на продажба, на кои потврдуваш дека се сложуваш и во целост ги прифаќаш со кликнување на полето СЕ СОГЛАСУВАМ.

Со регистрацијата на www.step.mk и при купувањето со користење на банкарски картички, секој купувач се согласува и прифаќа да ги даде своите лични податоци, како и сите останати податоци за успешна реализација на плаќањето и достава на артиклите.

Податоците кои ќе бидат побарани од купувачот ќе служат исклучиво за наведените потреби, ќе се чуваат во тајност и ќе бидат заштитени согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и нема да бидат отстапувани на трети страни.

За податоците кои купувачот ги дава, Степ и банката партнер за реализација на овој проект, ќе ги преземат сите неопходни мерки за заштита на личните податоци од нивна злоуотреба.

Веб страната www.step.mk е наменета за продажба по електронски пат (e-commerce). Пристапот на страната е слободен и секој посетител ќе може да пребарува и да ги разгледува сите артикли и содржини објавени на страната.

Изборот на артикли и финалниот чин на купување, посетителот ќе го прави со лична одлука со тоа што сите податоци за артиклите, вендорот и логото ќе ги прифати онака како што се објавени.

Плаќањето за артиклите ќе биде овозможено за сите иматели на платежни картички VISA и Master, издадени од било која овластена банка во светот. Реномирана банка ќе врши верификација на банкарските картички и ќе го реализира плаќањето. Податоците кои се однесуваат на кредитните картички ќе бидат користени и чувани исклучиво од банката.

Секој оној кој со злоупотреба на картичката ќе сака да изврши плаќање и купување артикли од www.step.mk ќе се соочи со кривична одговорност. Не е дозволено податоците, сликите или било кој материјал од веб страната да биде умножуван, копиран или дистрибуиран за било каква цел. Веб страната www.step.mk е заштитена со Закон за авторски права и други права и секоја од наведените недозволени дејанија ќе се третира како нарушување на авторските права и други законски одредби.

Сите имиња на артикли, обележја, симболи истакнати на сајтот се заштитени со авторските права кои ги имаат нивните сопственици. За артиклите објавени на www.step.mk кои подлежат на гаранција, ќе бидат испорачани со пополнет гарантен лист со податоци за сервисерот. Ако има потреба од сервис или поправка на некој артикл, купувачот е должен да комуницира директно со овластениот сервис.

Цените на артиклите и услугите на www.step.mk се истакнати на јасен, видлив, читлив и недвосмислен начин. На купувачот ќе му биде презентиран вкупниот износ на сите артикли кои во тој наврат се одбрани за купување, пред самата постапка за наплата (check out). Истиот износ кој ќе му биде наплатен на купувачот, ќе биде презентиран и на сметката која ќе му биде доставена заедно со артиклите, без за тоа да му се наплатат дополнителни трошоци. Организирана е брза, ефикасна и поволна достава на артиклите до адресата наведена од купувачот, ЕДИНСТВЕНО ВО МАКЕДОНИЈА и тоа:

• Наредниот работен ден од денот на потврда на нарачката, на територија на град Скопје со наплата на износ од 100 денари за испорака по пратка,
• Два до три работни дена од денот на потврда на нарачката за населени места надвор од Скопје, на територија на Република Македонија, со наплата на износ од 200 денари по пратка.

Цвеќињата и цветните аранжмани се доставуваат ЕДИНСТВЕНО на територија на град Скопје во текот на сите работни денови и сабота, освен празници.

За сите останати артикли достава НЕМА ДА СЕ ВРШИ во сабота, недела и празнични денови.

НЕМА ДА СЕ ИСПОРАЧУВААТ ПРАТКИ НА АДРЕСА НА ПОШТАНСКИ ФАХ.

Купувачот при прием на пратката со артикли треба да ја прегледа содржината на пратката и доколку недостасува или некој артикал е оштетен, потребно е да се јави на телефон 02 3290585 заради пријава на штета.

Потрошувачот може да направи замена на одреден артикл, под услови пропишани со Законот за заштита на потрошувачи, освен артиклите од категориите: парфеми и козметика, цветни аранжмани, бомбоњери и други артикли кои се наменети за секојдневна употреба кои и заради својата природа НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ЗАМЕНЕТИ ! Купувачот може по доставата и прием на артиклите да го раскине договорот со Степ, со тоа што купените артикли на своја сметка ќе му ги врати. Износот кој Купувачот го платил за артиклите, Степ ќе му ги врати во рок од 30 дена од добиеното писмено известување од Купувачот за раскинување на договорот. Степ при оваа постапка ќе ги почитува одредбите од Законот за заштита на потрошувачи.

Степ може да ги менува подтоците за артиклите објавени на веб порталот, да ја менува цената и други податоци, да отстрани артикли од веб страната или да додаде нови, без претходна најава.

Од веб страната www.step.mk посетителот ќе може да бидете пренасочен по сопствен избор на некоја друга веб страна со сосема друга содржина, за која Степ не е сопственик и не одговаара за нејзината содржина. Целата одговорност од моментот на пренасочување кон друга веб страна и постапување потоа паѓа на терет на посетителот. Со пренасочувањето нема да бидат пренасочени и било какви податоци добиени од купувачот.


 
0 производи
Antenna5
Валути
 

________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________