Во рамките на СТЕП проектот на 2ри и 3ти мај, во Тетово, Република Северна Македонија беа оддржани третата и четвртата hands on работилници за интернационална соработка. На работилниците учествуваа членки на СТЕП мрежата од Полошкиот регион и регионот Елбасан. Во рамките на работилниците членовите на STEP мрежата имаа прилика да научат како подобро да го менаџираат својот бренд онлајн, како и изучување на конкретни онлајн алатки за зголемување на видливоста на туристичките понуди. Целта на hands on работилниците е да им помогне на членовите да станат независни во водењето на својот бизнис и да ги развијат понатамошно своите капацитети.

За време на третата работилница учесниците имаа прилика да научат како се прави Facebook fan страница и кои опции ги нуди истата. Исто така на презентацијата беа посочени одредени “трикови”  кои се важни за страницата да биде функционална и посетувана. Учесниците се запознаа и со платформите Booking.com и Airbnb.com и начинот на кој функционираат и може да се користат.

Во текот на четвртата работилница, покрај презентација за Instagram и начинот на кој се користи за бизнис цели,  учениците работеа во групи и искуствено ги испробаа алатките кои ги нудат социјалните медиуми и платформите за туризам.